• Latest
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот Сенат усвои закон со кој ќе издвојуваат по 400 милиони долари годишно за воена помош на Украина до 2027 година

December 18, 2025

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Американскиот Сенат усвои закон со кој ќе издвојуваат по 400 милиони долари годишно за воена помош на Украина до 2027 година

December 18, 2025 09:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Скриншот од видео на 10 News

Скриншот од видео на 10 News

Share on FacebookShare on Twitter

Сенатот на САД на 17 декември одобри закон за трошоци за одбрана од 900 милијарди долари, кој вклучува 800 милиони долари воена помош за Украина, по усвојувањето на законот од страна на Претставничкиот дом минатата недела, пренесува Кијив Индипендент.

Законот беше усвоен од Сенатот со двопартиска поддршка со 77-20 гласови и сега оди кај американскиот претседател Доналд Трамп за потпис.

Со него се предвидува Украина да добива 400 милиони долари годишно за фискалните години 2026 и 2027 година. Финансирањето би се обезбедило преку Иницијативата за безбедносна помош на Украина (USAI), програма водена од Пентагон која финансира договори за оружје со американски одбранбени компании.

Исто така, предлогот бара од Министерството за одбрана да го извести Конгресот во рок од 48 часа од секоја одлука за ограничување на споделувањето разузнавачки информации со Украина, според амбасадорката на Украина во САД, Олха Стефанишина.

Надвор од директното финансирање за Кијив, законот вклучува и одредби што влијаат на воената позиција на САД во Европа.

Законодавството му забранува на Пентагон да го намали бројот на војници „трајно стационирани или распоредени“ во Европа под 76.000 подолго од 45 дена.

Дополнително, се зголемуваат платите за припадниците на вооружените сили, се издвојуваат повеќе средства за воздушниот одбранбен штит „Златна купола“, се зајакнува воената позиција во индо-пацифичкиот регион и се одобрува распоредување на активни трупи на границата меѓу САД и Мексико.

Сумата доделена на Украина од Конгресот претставува само мал дел од вкупната воена помош што САД ја обезбедија од почетокот на целосната инвазија, која изнесуваше 67 милијарди долари до почетокот на мандатот на Трамп.

Претходно, на 16 декември, како што пренесува ЦИВИЛ Медиа, двопартиска група од четири американски сенатори  го предложи Законот за намалување на профитот од руска нафта (DROP) од 2025 година, закон со кој ќе се воведат насочени санкции за секој што се занимава со руска нафта.

Д. Мишев

 

Tags: американска воена помош за УкраинаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ