• Latest

Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

February 5, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Хоџиќ: Македонија стана прокси држава на Орбан и Вучиќ – втора рака подизведувачи на деструктивни политики во регионот

February 5, 2026 13:56
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На партискиот настан под наслов „Предизвиците на Северна Македонија во 2026 година“, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, изнесе сеопфатни оценки за состојбите во земјата и остро ја критикуваше власта.

Според Хоџиќ, надворешната политика на Владата ја изолира земјата од демократскиот свет и се води во координација со авторитарните режими на унгарскиот премиер Виктор Орбан и српскиот претседател Александар Вучиќ, кои ги оцени како „прокси-играчи на Путин во Европската унија и на Западен Балкан“.

Хоџиќ нагласи дека актуелната власт покажала отсуство на политичка волја за уставни измени и за продолжување на европскиот пат, како и недостиг на капацитет за спроведување суштински реформи што би го подобриле животниот стандард на граѓаните.

Во обраќањето беше критикувано и игнорирањето на иницијативите за законски измени со кои, како што наведуваат од СДА Македонија, би им престанале функциите на политичарите што се наоѓаат на „црните листи“ на САД, ЕУ и Обединетото Кралство, како и забраната за учество на бизнисмени од истите листи и нивните компании на јавни тендери.

„Владејачкото мнозинство ја игнорира потребата од вакви законски измени, иако негативните последици од неодговорното владеење веќе ги чувствуваат граѓаните“, порача Хоџиќ, додавајќи дека последиците во наредниот период може да бидат уште посериозни.

СДА Македонија најави дека во наредниот период ќе започне теренска кампања со наслов „Време е за демократска акција!“, која ќе вклучува редовни средби со граѓаните низ државата.

„Целта е заедно со граѓаните отворено да зборуваме за проблемите што власта ги игнорира и заеднички да ги бараме најдобрите решенија“, истакна Хоџиќ.

Од партијата упатија и повик до сите демократски и проевропски актери во општеството да започнат сериозен дијалог за последиците од изолацијата на државата и да ги обединат напорите, без разлика на етничката припадност или моменталната политичка позиција, со цел Северна Македонија повторно да се врати на европскиот пат.

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ