• Latest
Фото: НОВА.ТВ

ССМ: Генерален штрајк ако до март не се зголеми минималната плата

February 17, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

ССМ: Генерален штрајк ако до март не се зголеми минималната плата

February 17, 2026 14:50
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: НОВА.ТВ

Фото: НОВА.ТВ

Share on FacebookShare on Twitter

Сојузот на синдикати денеска ги блокираше претставниците на Владата пред почетокот на седницата, порачувајќи им дека не држи ниту еден нивен аргумент за да нема повисоки плати во државава. Тие порачаа дека Владата треба да го стави нивното барање за минимална плата од 600 евра и за раст на сите други плати за 6.000 денари под итно на седницата што е во тек. Притоа, побараа Владата да им пружи рака на работниците, но и на бизнисот.

–Упатуваме пораката до Владата на денешната седница многу сериозно да говорат за барањата на работниците за зголемување на минималната плата и на другите плати. Бараме да му подадат рака и на бизнисот како што ќе им подадат рака на работниците и да ги ослободат од придонесите за задолжително социјално осигурување на оној дел што се однесува на зголемените плати. Пред една година тие еднострано го одбија, иако ССМ и работодавачите беа договорени за најмалку 6.000 денари да се зголеми платата на сите работници и да има ослободување за придонесите. Некој тоа еднострано го одби и го минираше целиот процес, изјави Трендафилов.

Тој рече дека на протестот има 24 луѓе, колку што има министри, функционери во Владата.

Тука сме да ве нервираме, како што тоа вие ни го правите нам – порача претседателот на ССМ.

И истакна дека Владата неосновано ги одбила нивните аргументи.

Аргументите не беа прифатени од Владата и од работодавачите, дека со зголемување на минималната плата на секоја една затворена фирма, две нови се отвораат, дека им создаваме на газдите капитал меѓу 5.000 и 10.000 евра во нето-износ на годишно ниво. Нивниот аргумент дека ќе ги зголемат платите ако се зголеми продуктивноста, не држи. Меѓународната организација на трудот укажа дека работник со 24.379 денари минимална плата му заработува месечно на газдата 290.000 денари. Само 17 проценти од вкупниот колач им се дава на работниците. Има пари во државата, но колачот не е правилно распореден, рече лидерот на ССМ.

Тој најави дека во наредниот период не исклучува ваквите таргетирани блокади со 21 човек во другите градови и таму да ги блокираат функционерите за да доаѓаат пеш на работните места.

Дополнително, оставаме простор до крајот на февруари да седнат и да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се спремни да ги зголемат сите други плати, затоа што веќе немаат аргументи да не го направат тоа, рече Трендафилов.

Извор и фото: Нова.тв

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ