• Latest

Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

April 7, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

April 7, 2026 16:33
in МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Ана Чупеска

Бидејќи, Охридскиот рамковен договор (ОРД) е конститутивната супстанца на државата и потребен ни е точен и прецизен однос кон дрската реактуелизацијата на затворените прашања!

Со други зборови, за јазиците и контекстот на нивната очигледна злоупотреба мора да се зборува со политиколошка прецизност и без деструктивни еуфемизми.

Пред сè, Охридскиот рамковен договор не е само историски компромис; туку, тој е нашата реална конституција и иманентен услов за политичкиот опстанок на државата.

Оттука, секој обид за негово релативизирање претставува директен атак врз државната кохезија!

Во таа смисла, сакам да нагласам дека, како демкократка, цврсто стојам на позицијата за оправданоста и за потребата од негувањето на автентичниот мултикултурализам како општествен модел , и особено на нормативниот мултикултурализам, гарантиран во Уставот, исто така!

Токму затоа, чувствувам и должност да алармирам дека сум сериозно загрижена од упорните обиди на одредени ретроградни субјекти за тенденциозно деструктуирање на ОРД.

И, ова не е само политичка дебата, туку опасна инструментализација на Уставот!

Безобзирна и субверзивна.

Очигледна, имено, е тенденцијата за институционална ерозија преку заобиколување на Амандманот 5. При што, недозволиво е Уставниот суд, наместо да биде врховен филтер на законитоста, намерно да го маргинализира амандманот 5 – темелниот столб на јазичната еднаквост. Оваа деградација на правото се одвива преку две перфидни стратегии:

  1. Политичко тактизирање и „процедурално лимбо“: со свесното оддолжување на одлуките, се креира правен вакуум кој служи како полигон за политички манипулации со најчувствителните идентитетски прашања. (20-те %)
  2. Технократски формализам наспроти уставната суштина: наместо Судот да го штити духот на Уставот, тој се засолнува зад банални технички прашања, свесно игнорирајќи го Амандманот 5 како нераскинлив дел од нашиот вредносен поредок (сејф сити).

Но, ова никако не може туку-така да се гледа изолирано и вон контекст, бидејќи очигледно е дека постои координирана деструкција на поредокот низ повеќе пунктови на формална моќ!

Или – овие феномени не се изолирани инциденти, туку симптоми на поширока, опасна координација.

А таа координација се разоткрива преку наивната реториката и практика на министерот Филков, насочена кон дерогирање на Бадентеровиот принцип (прво со интервјуто во Фокус, сега со полагањето испити), во корелација со административните блокади на процесите кои произлегуваат од ОРД.

Ова е уште една натсинхронизирана балетска претстава што требало да биде Лебедово Езеро, но, во главна улога не на Бел, туку е Црни Лабуд!

Накратко, луѓето кои во моментов управуваат со институциите очигледно решиле да „играат со оган“.

Зошто? Бидејќи тие го предизвикуваат поредокот во неговата најчувствителна точка, заборавајќи дека токму Рамковната Позиција за соживот е гарантот за внатрешната стабилност!

И, додека одредени политички актери зад сцената тргуваат и поминуваат на границите, и се договараат со оние кои го уриваат овој систем, знам дека овде има луѓе кои остануваат суштински посветени на одбраната на државноста и уставниот интегритет.

Не сме малку.

Поради тоа што, амандманот 5 не е предмет на пазар, туку е цивилизациска придобивка на либерална демократија, и секој обид за негово поништување е директен чекор кон политичка дестабилизација.

 


Проф. д-р Ана Чупеска е универзитетска професорка и политиколог, со експертиза во демократски теории и политички системи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ