• Latest
Фото; Скриншот од АП видео

Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

April 9, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

April 9, 2026 12:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото; Скриншот од АП видео

Фото; Скриншот од АП видео

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на Доналд Трамп Помладиот на Бања Лука отвори прашања кои одат многу подалеку од формалниот „приватен карактер“ на настанот. Иако претставена како неформална, таа носи ја отсликува амбицијата на раководството на Република Српска да излезе од меѓународната изолација и да се позиционира како партнер на новите геополитички текови.

Посетата се толкува како внимателно координиран потег на Милорад Додик, со цел да се испрати сигнал дека Република Српска повторно има канали кон американскиот политички естаблишмент. По промените во политиката на администрацијата на Доналд Трамп и укинувањето на санкциите кон Додик, ваквите средби добиваат дополнителна тежина.

Настанот во Бански двор, организиран од Игор Додик, беше затворен за јавноста и медиумите, што дополнително ја засили перцепцијата дека станува збор за елитен политички и бизнис-клуб, а не за обична јавна посета.

Во своето обраќање, Доналд Трамп Помладиот упати критики кон европските политики и ја нагласи потребата од нови партнерства:

„Европа денес се соочува со сериозни структурни проблеми. Потребни се нови сојузништва и нов пристап кон економскиот развој, базиран на слободниот пазар и енергетската независност.“

Оваа изјава се вклопува во пошироката реторика на конзервативните кругови блиски до Трамп, кои ја гледаат ЕУ како пререгулиран систем што ја кочи економијата.

Иако официјално беше нагласено дека посетата е приватна и без надомест, остануваат дилеми околу реалните трошоци. Познато е дека настапите на Трамп Помладиот како говорник достигнуваат суми и до 200.000 долари.

Прашањата за тоа кој ги покрил логистичките и безбедносните трошоци – кои беа на високо државно ниво – остануваат без јасен одговор. Ова отвора сомнежи за можна употреба на јавни ресурси или финансирање преку блиски бизнис-структури до владејачкиот СНСД.

Во фокусот на разговорите беше економската соработка, особено во енергетиката. Најавите за американски инвестиции во хидроенергетски проекти на реката Дрина звучат амбициозно, но се соочуваат со сериозни предизвици.  Проекти како „Бук Бијела“ веќе долго време се предмет на критики поради потенцијалната штета врз екосистемот, што дополнително ја усложнува нивната реализација.

Посетата се вклопува во поширока стратегија за редефинирање на позицијата на Република Српска на меѓународната сцена. Аналитичарите предупредуваат дека ваквите контакти може да бидат дел од пошироки договори и политички калкулации.

Останува клучното прашање: дали најавените инвестиции ќе се реализираат или посетата ќе остане симболичен ПР-потег за зајакнување на внатрешната политичка позиција на власта.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ