• Latest
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

Иако бројот на бегалци и раселени лица првпат по десет години бележи намалување, УНХЦР предупредува дека милиони луѓе и натаму живеат во долготрајна неизвесност, сиромаштија и зависност од хуманитарна помош.

June 11, 2026 12:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци, Бархам Салих, денеска го претстави годишниот извештај „Глобални трендови“, според кој глобалното присилно раселување во 2025 година забележало прво намалување по eдна деценија, иако бројот на раселени лица и натаму останува на неприфатливо високо ниво.

Според извештајот, во текот на 2025 година околу 5,4 милиони луѓе избегале од насилство и прогон барајќи засолниште во други земји. Истовремено, значително се зголемил бројот на луѓе кои се вратиле во своите домови или земји на потекло. Вкупно 14,7 милиони раселени лица се вратиле во текот на годината, од кои 4,4 милиони бегалци и 10,3 милиони внатрешно раселени лица. Најголем пораст на враќањата е забележан во Авганистан, Судан и Сирија.

Бројот на бегалци во светот во 2025 година се намалил за три проценти и изнесува 41,6 милиони лица. Воедно, речиси 46.000 лица без државјанство стекнале државјанство во 24 земји ширум светот.

Сепак, извештајот предупредува дека околу 70 проценти од бегалците остануваат во долготрајно раселување, често живеејќи под прагот на сиромаштија и зависни од хуманитарна помош.

Салих постави амбициозна цел – во следните десет години да се преполови бројот на бегалци кои живеат во долготрајно раселување и зависат од хуманитарна помош. Планот предвидува зголемување на можностите за доброволно враќање, преселување во трети земји, добивање хуманитарни визи и подобра интеграција во земјите домаќини.

Според УНХЦР, доброволното враќање останува најважното и најодржливо решение. Решавањето на неколку од најголемите светски конфликти би овозможило милиони бегалци безбедно да се вратат во своите домови.

Извештајот нагласува и дека бегалците мора да добијат пристап до образование, здравствена заштита, финансиски услуги и пазари на труд, со што би можеле самостојно да обезбедуваат приходи и да придонесуваат кон локалните економии.

Дополнително, УНХЦР предупредува дека бројот на достапни места за преселување во трети земји е далеку помал од потребите. Во 2025 година, бројот на лица кои пристигнале преку програми за преселување или спонзорство паднал за повеќе од половина, на само 81.800 лица.

Извештајот покажува дека повеќе од 70 проценти од бегалците и лицата на кои им е потребна меѓународна заштита потекнуваат од Авганистан, Јужен Судан, Судан, Сирија, Украина и Венецуела. Најголеми земји-домаќини во 2025 година биле Колумбија, Германија, Турција, Уганда, Иран, Чад и Пакистан.

Податоците покажуваат и дека до крајот на 2025 година во светот имало околу 68,6 милиони внатрешно раселени лица поради конфликти и насилство, што претставува намалување од седум проценти во споредба со претходната година. Судан останува најголемата криза со 9,1 милиони внатрешно раселени лица.

Истовремено, конфликтот на Блискиот Исток, кој започна во февруари 2026 година, предизвика нови бранови раселување, со околу еден милион внатрешно раселени лица во Либан до средината на мај и 3,2 милиони привремено раселени лица во Иран до крајот на март.

На крајот на 2025 година во светот биле регистрирани и околу 4,5 милиони лица без државјанство, што е зголемување од три проценти во однос на претходната година.

ЦИВИЛ Медиа Деск

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ