• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

Земјата е во вистинска криза, фатена во менгемето на приходите и трошоците. Се вртат некои хипотетички инвестициски потези ама реалноста ќе донесе сериозни кратења во многу области, Ех, да бевме барем поблизу до Унијата кога тоа, сепак, можевме да го направиме...

June 19, 2026 11:31
in ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Премиерот на македонската Влада во едно од последните обраќања ни порача дека треба да сме подготвен за маратон. Таа своја „видовититост“ тој ја врза со потребата да го чуваме националното достоинство и по цена да не влеземе во. ЕУ: Притоа заборави да спомене, а не гледам дека некој веќе му се спротивстави, не дај боже од неговата средина и партија, туку и во поголем дел од стручната јавност која треба – очекувам – во секој момент да ја знае дијагнозата за нашата социјално-економска состојба.

А таа е очајна. Да не говориме сега само за тоа дека од предвидени околу 780 милиони евра како резерва во Буџетот за годинава, ама сега останале некои 20 милиони евра, пред и да навлеземе во втората половина од годината. Ова го истакна водителката на дебатата емисија „Вин-вин“ Оливера Трајковска. Не треба да се очекува спас од било каков ребаланс во такви услови. Добар потег, сметаат стручњаците, што е само преместување на очајот од едно во друго ќоше на одложувањата на исплатите и покривањето на очекуваните неодложни  потреби како што се платите и пензиите. Тоа бара некакви чекори, достојни на некаков економски џин а ние сме само ситни џуџиња со кои судбината сега само може да ја практикува, во детството позната игра како шукшуле (со удар на камшик се продолжува вртењето на некој предмет во форма на конус).

Да не навлегуваме сега во какви се трикови ќе се послужи власта за да ја одржува „нормалноста“, но ситуацијата тешко дека ќе се поправа со некои изгледни дострели за стабилизација.

Има ли тоа врска со тоа дали ќе беше така ако чекоревме по очекуваните и посочени патеки на успехот од страна на Брисел.

Можеме да спориме или не за тоа која партија била успешна или не во водење на државата. Факт е дека владата која ја водеше државата во периодот 2002 до 2006 година влезе во претсобјето на Унијата во 2004 година. За да се дојде до тој статус таа Влада направи два храбри чекори – прво, продолжи да го реализира Охридскиот договор од август 2001 година, кој донесе политичка стабилност а потоа и направи еден рез околу територијалните поделби на пониско ниво, оние кои за малку ќе го чинеа живот  премиерот Бучковски во седиштето на неговата парија во Струга.

За овие чекори оваа Влада доби признание и во Брисел и во Вашингтон, да не илустрираме многу во овој повод, но ги изгуби изборите како „предавничка“ а владата на новиот премиер, посебно со политиката на антиквизација, доведе до тоа целосно да ја изгубиме поддршката на надворешниот фактор и да не стрелаат од сите страни со непријателски погледи. Изгубени се речиси 12 години, огромно време ако се гледа од аспект на животот на нацијата.

Промената дојде дури во средината на 2017 година, со узурпација на власта од кога на недемократски начин се опструирашите по завршени избори. Новата екипа на премиерот Заев продолжи да ги санира односите со Унијата.

Потпишувањето на Преспанскиот договор и ги отвори портите на земјата под чадорот на побогатите, што е нели единствен начин една навистина многу мала земја со „рахитична“ економија да опстои.  И одново стигна клетвата од ВМРО ДПМНЕ за тоа дека социјалдемократите се – предавници!

Но изгубените години тешко можеа да се надоместат – во 2020 година ја добивме епидемијата на ковид која мораше да се покрива со енормни трошоци за здравјето на граѓаните и за компензација на празните каси во најголем дел од стопанските субјекти?! Потоа, во 2022 година влеговме во енергетска криза по отворањето на војната која Русија ја водеше против Украина. И тука моравме да платиме висока цена. Дали опозицијата, предводена од Мицковски даде барем некаква видлива солидарност со ситуацијата за која сега пека очајниот премиер? Не, напротив, даваше лош пример во подржувањето на дисциплината во времето на епидемијата и дрско се готвеше да направи удар врз енергетското снабдување на главниот град среде зима … Најмалку од се беше солидарен во тешки времиња со своите соседи а му беше потребно промена на власта по секој цена.

Според зборовите на проф. Узунов во емисијата „Вин-вин“ целосно во тие мигови се покажа како се плаќа цената на опструкцијата на чекорењето кон ЕУ од груевизмот. Да бевме поблизу до овој сојуз на европските држави сме можеле да сметаме на помош во таа борба за опстанок најмалку една милијарда евра помош. Како што додаде присутниот во дебатата Виктор Митевски од невладиниот ЗМАИ сме добиле место тоа само 50 милиони евра како помош. Проф. Узунов вели – е тоа цената на нашата гордост, тактика која сега така нападно ја води премиерот Мицковски. Неговите изјави од споменатиот тип – дека треба да се сме подготвени да пловиме на бродот кој може да не одведе само во некоја Недојдија за да сме ја сочуваме гордоста, еден просто алхемичарски користен аксиом, е само доказ дека како и Груевски и тој е подготвен да ја води земјата до нашата Страдија.

Само што Мицковски и неговиот тим ќе мора во меѓувреме да бараат свој рај подалеку од Будимпешта.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ