• Latest
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026 09:52
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Share on FacebookShare on Twitter

Група студенти, млади луѓе, професори, професионалци од различни области и претставници на албанската дијаспора на 26 ноември ја најавија иницијативата за формирање нова политичка партија во Албанија, под името „Обединети за Албанија“ (Të Bashkuar për Shqipërinë).

Иницијаторите соопштија дека веќе започнале со собирање потписи потребни за регистрација на новиот политички субјект. Во наредните недели планираат средби со граѓаните во градовите и селата низ земјата, на кои ќе ги претстават своите цели и програмски определби.

Според претставниците на иницијативата, новата партија треба да понуди политичка алтернатива заснована на правда, меритократија, транспарентност и одговорност. Тие најавија дека програмата нема да се подготвува зад затворени врати, туку преку консултации и непосредна комуникација со граѓаните.

Меѓу принципите што ги претставија се и мерливи цели за секоја политичка обврска, јасно определени одговорности, рокови и трошоци, како и јавно следење на постигнатите резултати. Иницијаторите најавија и ограничени мандати за избраните раководители, јавна отчетност и отсуство на посебни привилегии за основачите.

„Довербата не се бара, туку се стекнува“, порачаа претставниците на новата иницијатива, нагласувајќи дека граѓаните треба да можат да ја оценуваат политиката според конкретни резултати.

На прашањето дали новата партија ќе учествува на следните избори, претставниците одговориле дека за тоа ќе се одлучува во наредниот период. Во оваа фаза, приоритет е собирањето потписи и претставувањето на иницијативата пред јавноста.

Формирањето на новата партија доаѓа во период на засилена граѓанска и студентска мобилизација во Албанија. Студентските протести во Тирана започнаа на 13 октомври, со барања за подобри услови на универзитетите, пониски трошоци за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри можности за вработување по завршувањето на студиите.

Протестите брзо добија и поширока политичка димензија, со барања за оставка на премиерот Еди Рама и критики за корупцијата, социјалната нееднаквост и функционирањето на институциите. Во текот на демонстрациите дојде и до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Пошироката протестна мобилизација, меѓутоа, започна уште во мај 2026 година, првично поради противењето на градежните планови во заштитеното крајбрежно подрачје Пише Поро – Нарта. Со текот на времето, протестите се проширија и ги опфатија барањата за поголема транспарентност, отчетност, борба против корупцијата и подобро управување.

Во својот извештај за Албанија за 2026 година, Европската комисија ја забележува оваа граѓанска мобилизација како најголема од демократската транзиција на земјата. Во извештајот се наведува дека првичните еколошки барања прераснале во пошироко незадоволство од владеењето, политичката одговорност и состојбите во образованието и здравството.

Најавата за „Обединети за Албанија“ претставува обид дел од протестната енергија да се насочи кон институционално и политичко дејствување.

Б. Ј.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ