• Latest

Платформата за родова еднаквост бара широка дебата за унапредување на законите кои задираат во правата на жените

June 9, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Платформата за родова еднаквост бара широка дебата за унапредување на законите кои задираат во правата на жените

June 9, 2017 16:20
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет и две организации и мрежи кои се дел од Платформата за родова еднаквост го поздравија отворањето на прашањето за измени на Законот на работни односи, кој во голема мера третира прашања од интерес за правата и статусот на жените и родовата рамноправност: „Бараме од Собранието на Република Македонија, при измени или носење на законски решенија кои задираат во правата на жените и родовата рамноправност, задолжително да се разгледуваат од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со гарантирано учество на експертите и граѓанските организации кои работат на овие прашања“

Според овие организации, отвореноста на Собранието да дискутира за потребата од законски измени поттикнати од граѓански иницијативи е добар исчекор кон зголемување на неговата транспарентност. Во отворено писмо тие укажуваат на неколку аспекти кои се од суштинско значење за демократските процеси, начинот на креирање политики и на носење на одлуки.

„Бараме почитување на законски пропишаните процедури за прифаќање и разгледување на граѓански иницијативи кои се однесуваат на измени на закони. Според Член 67 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, парламентот е надлежен да ја утврди пред сѐ уредноста на поднесената иницијатива, без да навлегува во материјална расправа за истата. Сметаме дека од формално – правен аспект овој член не се испочитува во целост во расправите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците (одржана на 6 јуни 2017) и Законодавно-правната комисија (одржана на 7 јуни 2017) заради навлегување во материјална расправа која понатаму доведе до реакции во јавноста на различни засегнати страни“, се вели во писмотона невладините организации.

„Материјалната расправа за прашањето кое го третира граѓанската иницијатива не смее да се одвива во услови на неформирани работни тела во чија надлежност се законите кои ги уредуваат прашањата на отсуство од работа заради бременост, раѓање и родителство. Бараме во најбрз можен рок да се формираат сите работни тела, особено Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со паритетно учество на пратеници и пратенички (сооднос 50%:50%), каде ќе може да се отвори широка дебата за унапредување на законите кои ги уредуваат прашањата на отсуство од работа заради бременост, раѓање и родителство“, сметаат од Платформата.

„Бараме од Собранието на Република Македонија, при измени или носење на законски решенија кои задираат во правата на жените и родовата рамноправност, задолжително да се разгледуваат од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, со гарантирано учество на експертите и граѓанските организации кои работат на овие прашања. Притоа, одлуките треба да се носат врз основа на аргументирани анализи и исцрпни дебати кои ќе водат кон најсоодветни законски решенија во корист на граѓанките и граѓаните, а соодветствуваат на комплексноста на материјата која ја регулираат законите“, заклучуваат од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму очекуваат да бидат активно вклучени во расправите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и сите собраниски расправи поврзани со менување или со носење на нови законски решенија и политики кои ги засегаат женските права и родовата рамноправност.

Tags: законски измениКомисија за еднакви можностиродова еднаквостСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ