• Latest

На Ромите не им требаат кадровски „трошки“, туку еднакво општество за сите!

June 15, 2017

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025

Стартува Системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната

October 11, 2025
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

На Ромите не им требаат кадровски „трошки“, туку еднакво општество за сите!

June 15, 2017 14:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Претходната власт вешто успеа во изминатите десетина години да не подели на „наши“, „ваши“ и „нивни“. И некако, логично е тоа што стотина ромски интелектуалци, активисти, НВО-а…, упатија отворено писмо до премиерот Зоран Заев, поради нивното незадоволство од неименувањето на заменик-министер од ромската етничка заедница.

Пишува: Дехран Муратов

Ваквиот однос на новата власт, воопшто не соодвествува со паролата „еднакво општество за сите“.  Или, можеби, власта нема доверба во квалитетот на претставниците на помалите етнички заедници, во ромските интелектуалци? Не би ме зачудила таква „резерва“ кон „квалитетот“ на ромските претставници во политичкиот живот, бидејќи бевме сведоци во изминатите 11 години, како ромските претставници мудро си молчеа, и не преземаа ништо за својата заедница. Молчеа кога полицијата масовно ги враќаше Ромите од граничните премини и аеродроми, без никакво образложение! Молчеа дури и кога сите чувме од „бомбите“, како поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска наредува да се „фатат Циганите за уши“ и „да се носат на гласање!“ Молчеа и…

Бидејќи не можев да се сетам што направија ромските претставници во извршната власт во изминатите години за подобрување на животот на ромското население, решив да побарам на Гугл, да видам што има направено поранешниот министер без ресор, Неждет Мустафа. Резултатите од пребарувањето се разочарувачки, да не кажам – ништо нема направено!

Партиципативноста по етнички клуч, не е секогаш гаранција за реализирање на потребите на заедницата. Пожелно е да има Ром во извршната власт на значајна позиција, особено ако именуваниот функционер вистински работи на проблемите што ја засегаат ромската заедница. Но, тоа не е и најважно! Ако не работи, што е важно дали е Ром? Таков е случајот и со Ибрахим Ибрахими, кој претходно беше заменик-министер во ресорот – правда, потоа во ресорот – труд и социјала, а во техничката влада беше и министер за труд и социјална политика. Но, тој не направи ништо, кога на стотици Роми незаконски им беше укината социјалната помош, затоа што добиле помош, преку брз трансфер на пари – „Вестерн Унион“ или „Маниграм“. Или, кога на десетици Роми им била укината социјалната помош, бидејќи собиирале старо железо, пластични шишиња или картони, за да се прехранат… Тој не даде дури ниту изјава кога стотина Роми останаа и без таа помош од околу 2.000 денари месечно!

Претходните ромски претставници, какви и да беа, сепак, може да се пофалат дека се изборија за министерско или заменик-министерско место, за директорски позиции… Актуелните ромски претставници во изминатиот период беа зафатени за расчистување на лични или партиски проблеми. И, додека на социјалните мрежи Ромите се „забавуваа“, да не кажам фаќаа сеир, за време на Фејсбук-препукувањата, рокот за преговарање за поставување на заменици-министри, веќе помина!

Убаво би било, во иднина, ако сакаат да остават впечаток на вистински ромски лидери, да ги остават настрана личните проблеми и да почнат да се занимаваат со проблемите на ромската заедница. Можеби е веќе доцна за преговори за заменик-министер, но не е доцна за преговори за други битни државни позиции.

Актуелната власт треба да размисли дали ѝ одговара да ги тргне настрана ромските активисти, ромските интелектуалци, ромските НВО-а, кои беа гласни во борба против режимот! И на дело да покаже дека изборните ветувања за „еднакви можности за сите“ ќе важат и за Ромите, и за другите помали етнички заедници… Ќе им се даде ли шанса на Ромите да се докажат дека и тие може да придонесат кон подобрување на животот на сите граѓан(к)и?

Ромите не се задоволни со кадровските „трошки“ (еден министер без ресор и еден пратеник) тие бараат „еднакво општество (можности) за сите“!

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Зоран ЗаевИбрахим Ибрахимикадровски „трошки“НВО-аНеждет Мустафаромски интелектуалци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ