• Latest

Опозицијата неконструктивна и на седницата на Комисијата за европски прашања

July 14, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Опозицијата неконструктивна и на седницата на Комисијата за европски прашања

July 14, 2017 16:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешното претставување на Планот 3-6-9 пред Комисијата за европски прашања, на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, како и многу дипломатски претставници во земјата, опозицијата повторно со опструкции и неконструктивни забелешки.

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој исто така е и еден од координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, ја запоседна говорницата во собраниската сала „Борис Трајковски“, а пратениците вклучувајќи ги и неговите сопартијци и останатите присутни, полека ја напуштаа салата.

Димовски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Декларацијата предложена од Комисијата за европски прашања, но дека немаат намера да го прифатат планот целосно.

„Ќе бараме детална дискусија за секоја точка од планот 3-6-9“, рече Димовски, што веројатно значи, попречување на уште еден процес во работата на Собранието и Комисијата, имајќи ги предвид „деталните“ дискусии кои десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ ги водат последните неколку месеци.

Детална дискусија според Димовски е потребна бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да даде многу подобри предлози и насоки. Оние кои не ги понуди во изминатите 11 години на власт.

Тој пред премиерот Заев и пратениците од Собранието се пожали на тоа дека опозицијата не била вклучена во подготовката на овој план што, како што кажа, не се случило досега, кога се работи за подготвување на планови од ваков тип.

Димовски ја искористи приликата повторно да зборува за Договорот со Бугарија и комуникацијата со Грција, критикувајќи ја Владата за нетранспарентност на процесите.

Како одговор на неговото излагање, Заев побара затворена седница на која ќе се разговара за договорот со Бугарија.

„ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата за надминување на проблемите со Република Бугарија. Добро е и што се воспоставува комуникација и пријателски однос со Грција“, рече Димовски, жалејќи се дека сите изнесени ставови пред соседите и меѓународната заедница што не се донесени со консензус, се спротивни на интересите на државата.

„Клучните поенти на реформскиот План 3-6-9 е дека носи нови перспективи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, со подигање на животниот стандард на граѓаните“, истакна Заев. Тој апелираше сите партии да си поддадат рака во процесот, а од опозицијата не се очекува да прифати сè, туку да учествува и да дава идеи.

Вицепремиерот за евроитеграција, Бујар Османи го претстави Планот пред присутните и истакна дека долгото чекање пред вратите на ЕУ мора да престане, „многу шанси се пропуштени досега, но ако се пропушти и оваа, граѓаните нема повеќе да простуваат“.

„Ние ќе почнеме со остварување на реформите, кои немаат за цел само интеграција, туку создавање на европска држава. Во првиот дел има 73 мерки кои треба да се реализираат од институциите, а ние како Влада сме во секојдневен контакт со нив. Тоа што ќе биде многу важно е инклузивноста на Владата со институциите и граѓаните, како и инклузивност на политичките партии внатре во Собранието“, рече Османи, и ги набројуваше мерките што ќе следат наредниот период.

Тој најави враќање на надзорната улога на Собранието што ја има над одредени институции. Владата, според него, треба да дозволи надзор над сите институции, како УБК или БЈБ, а во согласност со најавата за поголема отчетност, ќе прифати пратенички прашања на една недела, во рок од еден час.

Во областа на изборите, според Османи, приоритет ќе биде консолидирање, ажурирање на изборната листа и обука на вработените во судството, со цел да се изгради независно судство. Во тримесечниот период ќе бидат изготвени сите препораки за слободно судство.

Во областа на Охридскиот договор, тој најави усвојување на Закон за албански јазик, додека околу јавната администрација најави нејзина деполитизација и обезбедување подобри услови за работа.

„Борбата против корупцијата е високо на овој план, со еднаков пристап кон секој граѓанин“, нагласи вицепремиерот.

Маја Ивановска

Tags: Бујар Османиевропски прашањаЗоран ЗаевИлија ДимовскикомисијаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ