• Latest

Тодоровски: Иванов никогаш во пракса не ги покажа критериумите за кои зборува!

August 7, 2017

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тодоровски: Иванов никогаш во пракса не ги покажа критериумите за кои зборува!

August 7, 2017 16:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод најавите за пополнување на 18-те испразнети дипломатски позиции во амбасадите, конзулатите и во мисиите на Македонија во странство, и најавите на премиерот Зоран Заев за кохабитација со претседателот Горѓе Иванов, при промовирањето на реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции, лидерот на Синдикатот на македонската дипломатска служба, Сашко Тодоровски, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека Македонија има сериозен дипломатски кадар кој може да одговори на предизвикот.

На прашањето како би ја искоментирал неодамнешната изјава на претседателот Иванов дека кај него „ќе поминат само предлозите кои ќе ги исполнат критериумите за професионалност, стручност и искуство“, Тодоровски ни изјави:

„Претседателот Иванов досега не ги покажа овие критериуми во пракса, напротив, се залагаше и потпишуваше за партиски активисти. Меѓутоа, да дозволиме дека можеби променетите околности го промениле и неговиот став. Освен, ако не се работи за погрешна употреба на овие термини за професионалноста. Заради тоа што не значи дека ако некој партиски активист бил три или четири години амбасадор, на тој начин станал и професионалец. Не, тој и понатаму останува репрезент на определени партиски ставови, за разлика од професионалецот кој мора да се грижи за сите партиии и за сите политички опции“.

Во моментов, испразнети се 13 амбасадорски позиции, од кои 12 се во Европа и една во Кина и три конзулски позиции, а Македонија нема амбасадори ниту во Мисијата во ЕУ, ниту во Мисијата на Обединетите нации во Женева, каде има само вршители на должноста. Некои од овие места се испразнети од поодамна, а дел од нив, требаше да се пополнат со кадар од редовите на ДУИ, како дел од коалиција со ВМРО-ДПМНЕ,, но по претседателските избори во 2014 годин, партијата соопшти дека не го признава Иванов за претседател, поради што тој одби да ги потпише акредитивите за амбасадорите.

Ваквиот начин на селектирање на дипломатите и испраќање на служба, по париски клуч, за Тодоровски е неприфатлив.

„Ставот на Синдикатот е многу јасен! Ова веќе не е 1991 или 1992 година. Имаме потполно изградени кадри коишто најпрофесионално се движеле во кариерата, ги поминале сите испити и сите проверки. И оттука – да, можеме во секој момент да покриеме не само 18, туку и повеќе места на шефови на мисии“, вели Тодоровски.

На прославата на Илинден, претседателот Иванов најави дека негов потпис ќе довијат само предлозите за амбасадори, кои ќе ги исполнуваат критериумите за професионалност, стручност и искуство.

„Од сегашните и од идните амбасадори, очекувам засилен ангажман во насока на реализација на поставените стратегиски цели на Република Македонија. А тоа се евроатлантските интеграции, добрососедските односи, регионалната соработка и отвореноста кон сите добронамерни партнери“, истакна Иванов.

Сепак, прашањето на кохабитација на претседателот Иванов (кој во двата мандата, молчаливо ги поддржуваше сите потези на власта на ВМРО-ДПМНЕ) со новата Влада на СДСМ, и покрај оптимизмот на Заев и медиумските најави дека се веќе започнати разговорите со  Иванов за пополнување на амбасадорските и на конзулските позиции, останува отворено. Навистина, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров најави поместување на балансот кон кариерните дипломати и кон вистинските професионалци, што би претставувало исчекор и разлика во однос на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за кои е дискутабилно дали е подготвен и Иванов.

Од друга страна, синдикатот на дипломатите во мај, остро реагираше на одлуката на минатото раководство на МНР, кое и во пресрет на формирањето на новата Влада, на 19 мај, по завршување на работното време, ја завршило постапката и донело одлуки за избор на преферирани партиски кандидати за испраќање дипломатско-конзуларни претставништва.

„Уште повеќе, за работа во одредени претставништва избра лица, кои учествувале во крвавите настани во Собранието од 27 април, а кои не само што не смеело да бидат избрани, туку против таквите морало да се поведе дисциплинска постапка, паралелно со постапката за кривично гонење“, стоеше во соопштението на СМДС.

Маја Ивановска

Tags: амбасадиамбасадоридипломатијаЃорѓе Ивановкариерни дипломатиконзулатимисииНикола ДимитровСашко Тодоровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ