• Latest

Јошевска: „Македонија Пат“ не смее да ги игнорира обврските кон оштетените граѓани!

August 17, 2017

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јошевска: „Македонија Пат“ не смее да ги игнорира обврските кон оштетените граѓани!

August 17, 2017 16:15
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие „Македонија Пат“ користи законска одредница со цел да ја избегне обврската, да им ја компензира штетата што граѓаните ја претрпеле, поради лошото одржување на патиштата во државата. Според искуствата на адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска, ЈП „Македонија Пат“, продолжува со оваа практика. Но, Владата која штопланира нова финансиска инјекција за ова јавно претпријатие, со цел „Македонија Пат“ да ги покрие долговите кон УЈП, по основ на ДДВ и данок на добивка, во висина од 7.5 милиони евра, според Јошевска Анастасовска, не смее да ги заобиколи и обврските на „Македонија Пат“ кон граѓаните.

„Сите граѓани и правни лица подлежат на Законот за извршување, со којшто се врши присилна наплата на побарувањата. Но, ЈП ‘Македонија Пат’ е привилегирано! Согласно со член во Законот за извршување, им се дозволува на јавните претпријатија да не мора да платат по правосилни пресуди, доколку со таа пресуда би се довеле себеси да им се намали минимумот потребни средства, за да може да функционираат. Тие средства се утврдуваат со вештачења од лица ангажирани од ‘Македонија Пат’, и секогаш се различни, ги монтираат според потребите… Во таква ситуација, граѓанин што има побарување од ‘Македонија Пат“, не може да го наплати, зашто ‘Македонија Пат’ секогаш се држи на минимум од овие средства и пресудата на граѓаните е неизвршлива“, изјави адвокатката Јошевска Анастасовска, во разговорот за ЦИВИЛ Медиа.

Таа тврди дека оваа појава трае со години. и дека ‘Македонија Пат’, по основ на неплатени пресуди, има наталожени многу обврски.

„Досега немам информација колкави се тие обврски, но од колеги и граѓани што ги познавам, тие се во значителен износ. Постои еден Закон за јавни патишта, којшто е донесен во 2008 година, со којшто е формирано друго јавно претпријатие за државни патишта, коешто ги прибира сите средства од користењето на автопатите, и по основ на патарини или други основи – кај него се влеваат средствата, а тоа го склучува договорот согласно со Законот, со ‘Македонија Пат’. Тоа е местото од каде што треба ‘Македонија Пат’ да се финансира … Ова за мене, стана дискутабилно, кога видов дека се подготвува некоја одлука за вбризгување парични средства во ‘Македонија Пат’ од Владата, каде што се наведува дека ‘Македонија Пат’ е должник по основ на данок на добивка и ДДВ во УЈП, во износ од 7 милиони евра. А тие сега ќе вбризгуваат 2.5 милиони евра, а никој не ги споменува овие побарувања“, додава Јошевска Анастасовска.

„Овие побарувања се изигрување на законските одредби и од Законот за државни патишта и од Законот за извршување. Мора нешто да се направи, за да може да се утврдуваат точни парични средства со коишто ќе располага, при договорот со којшто се ангажира ‘Македонија Пат’. Ова е за да стане ‘Македонија Пат’, претпријатие што ќе биде доволно финансиски моќно и соодветно да ги одржува патиштата, за да нема штети. А, доколку има, за да може да ги исплаќа тие средства… Ако пак, веќе се вбризгуваат пари за доспеани обврски, не може Владата да ги игнорира овие права на граѓаните што се утврдени во правосилни пресуди“, категорична е адвокатката Јошевска Анастасовска.

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Даниела Нисева

Tags: владаграѓанидолжникЗакон за извршувањеизвршни решенијаЈП Македонија ПатнаплатаотштетапариСузана Јошевска Анастасовскаштета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ