Андреј Жерновски, актуелен градоначалник на општина Центар, собра потписи за независна кандидатура на таа позиција на претстојните локални избори. СДСМ не се изјаснува зад кој кандидат ќе застане, иако до сега веќе станува јасно дека за таа позиција се подговува и Саша Богдановиќ, претседател на општинската организација на СДСМ Центар.
Жерновски дојде на градоначалничката позиција во општина Центар во извонредно драматични околности, на локалните избори во 2013 година, за кои ЦИВИЛ објави опширен извештај под наслов „Бескрупулозна борба за власт“. Против него гласаа жители на Пустец, Албанија. ВМРО-ДПМНЕ организираше насилни протести со демолирање на општинскиот имот, а екс-премиерот Груевски нарачуваше „врели шамари“ за него, за што постои и предмет во Специјално јавно обвинителство. Неговото владеење во општината беше проследено со бројни притисоци и опструкции од централната власт на Груевски, со инспекции и црни кампањи.
Џ. Д.