• Latest

Декларацијата за слободни и фер избори гаранција за тајноста на гласање

September 6, 2017

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Декларацијата за слободни и фер избори гаранција за тајноста на гласање

September 6, 2017 10:04
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на вчерашната седница ја усвои декларацијата за слободни и фер избори, како темелна вредност која произлегува од членот 22 од Уставот на Република Македонија, според кој, секој полнолетен граѓанин има избирачко право кое е еднакво, општо и непосредно, кое се остварува на слободни избори со тајно гласање, јавува МЕТА.

„Во согласност со оваа декларација, владата им препорачува на сите носители на јавни и државни функции, како и на вработените во органите на државната управа да ги преземат сите неопходни законски мерки, како и политички и институционални чекори, за да го гарантираат неприкосновеното избирачко право на секој граѓанин и да обезбедат почитување на принципот на тајното гласање, за да може гласачите слободно да гласаат, без страв или заплашување“, стои во соопштението и се додава дека сите носители на јавни и државни функции, како и вработените во органите на државната управа треба да обезбедат изборниот процес да се одвива непречено.

Владата, исто така, ја разгледала и усвоила информацијата за спроведена проверка на законитоста на процесот на вработување од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата. Во контекст на тоа побарано е сите министерства најдоцна во рок од 15 дена да извршат проверка на податоците и да подготват интегрирани евиденции на податоци што се однесуваат на вработувањата во овој период во сите државни институции, а Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд веднаш да поведат постапки за вршење вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за административни службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор, соопштува МЕТА.

„Владата заклучи дека оваа мерка е во согласност со определбите на владата, казнената политика да биде превентивна, а не репресивна и препорача понатамошно унапредување на овие мерки“, стои во соопштението.

На седница на владата била разгледана и информацијата за реализацијата на манифестацијата „Нов културен бран“, како и информацијата на Организацискиот одбор за програмата за прослава на државниот празник 8 Септември – Ден на независноста на Република Македонија.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владаДекларацијаизбори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ