• Latest

Истекува уште еден рок

September 9, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Истекува уште еден рок

September 9, 2017 13:16
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На полноќ истекува рокот за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори 2017, кои ќе се одржат на 15 октомври. 

Граѓаните можеа да извршат увид во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и електронски преку интернет страницата на ДИК.

Од многуте пријави кои сè уште пристигнуваат на адресата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, може да се заклучи дека избирачкиот список повторно е со старите проблеми. Фантомски гласачи во супермаркети, избришани постоечки гласачи и адреси, како и оставени фантомски гласачи на адреси на граѓани кои и по неколку пати до сега пријавиле, како во подрачните одделенија, така и во Минситерството за внатрешни работи.

Според прегледот на Државната изборна комсија, до 6 септември увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК извршиле 20.081 граѓанин, а 148.538 граѓани електронски ги провериле своите податоци преку нивната веб страница.

Според Роковникот, во рок од пет дена по завршување на јавниот увид, Комисијата треба да го достави Избирачкиот список до политичките партии кои, пак во рок од пет дена треба да ги достават своите забелешки до ДИК.

По поднесените барања, ДИК одлучува во рок од три дена, а против решението на ДИК, политичките партии може да поднесат тужба до Управниот суд во рок до 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од приемот на тужбата.

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 14 дена по завршениот јавен увид, односно најдоцна до 24 септември. Заклучениот избирачки список ДИК го потпишува најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите.

Јавниот увид во Избирачкиот список почна на 21 август. Во меѓувреме најголемите политички партии ги објавија кандидатите за градоначалници за локалните избори. Кандидатските листи за градоначалници и советници според Роковникот на ДИК треба да бидат поднесени до општинските изборни комисии најдоцна до 14 септември.

Кампањата за локалните избори започнува на 25 септември и завршува на 13 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се спроведуваат во 80 општини и во Градот Скопје во над 3.400 избирачки места.

На предвремените парламентарни избори во 2016 година право на глас имаа вкупно 1.784.416 според финалниот извештај на ДИК . На денот на гласањето, на 11 декември 2016 година, своето гласачко право го
оствариле вкупно 1.153.962 граѓанки и граѓани.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повика граѓанките и граѓаните да соработуваат со ДИК и со другите релевантни институции во процесот на ревизија на Избирачкиот список, со оглед на претходно изборно искуство, помошта од гласачкото тело се покажа како неопходна во процесот на прочистување на Избирачкиот список.

 

Tags: 2017гласачиДржавна изборна комисијаизбирачки списоклокални избориувид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ