• Latest

Политика на неправдата

September 12, 2017
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Политика на неправдата

September 12, 2017 11:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Лагата, секако, сама по себе, е вид на насилство, извор на неправда. Популистите, меѓутоа, ја мобилизираат поддршката со ветувања дека ќе бидат неправедни, дека ќе легализираат дискриминирање на одредена категорија на луѓе. Странците, кои по некои критериуми се тоа, да речеме национални критериуми, странците кои се некои ‘поинакви’, на народот му се туѓи, или како што обично се вели, а што е уште полошо – однародени, се најчеста мета“, пишува д-р Владимир Глигоров, во анализата објавена вчера на српскиот портал „Пешчаник“, која во целост ја пренесуваме.

Популизам или прво Ние.

Прва премиса: Секогаш, некои добиваат, а некои губат.

Втора премиса: Наша е моќта да одредиме кој добива, а кој губи.

Заклучок: Нашата политика е дека Ние добиваме, а Тие губат.

 

 

Да речеме дека претседателот на државата или на Владата ќе каже, како што српскиот повеќе пати досега кажа, дека наскоро „платите ќе бидат поголеми од кога било досега“. Тоа, барем кога станува збор за Србија, било и веројатно уште долго време ќе биде неточно, но може да се разбере како претерување. Смислата е дека платите ќе бидат зголемени во однос на постоечките. Тоа е лага, но со оглед дека речиси сите сфаќаат дека тоа е само прашање на зголемување на платите, тоа се сфаќа како претерување, и всушност, претставува еден вид на рекламирање, и тоа може да се нарече неуспешна лага.

Претерувањето не е карактеристично за популизмот, или не само по себе. Во демократиите не е невообичаено да се разубавува политичката понуда, повеќе или помалку вешто или успешно. Да речеме, меѓутоа, дека Министерството, а не само министерот за финансии, соопшти дека состојбата со јавните финансии е подобра, отколку што била некогаш. Тоа најчесто ќе биде погрешно, и ако не се исправи, ќе биде лага. Затоа што министерствата, и бирократијата воопшто, по природата на нештата, не претеруваат. Грешки секако се можни и впрочем, очекувани, но претерувањата – не се. Ако тоа не е очигледно, да речеме дека станува збор за изјави за државни статистики. Јасно е дека може да се згреши, но не и да се претерува, па неподготвеноста да се коригираат грешките, станува подготвеност да се лаже.

Ни тоа не е карактеристично за популизмот. Не недостасуваат примери на демократски и развиени држави во кои бирократијата не е непристрасна, особено кога станува збор за јавните финансии, но и за пазарот на труд и за други податоци кои би можеле да влијаат врз политичката конкуренција и јавната поддршка. Да речеме, не толку мал број на централни банки, денес помал број отколку во релативно блиското минато, не е склон кон транспарентност, со изговор дека комплетната информираност на јавноста, за, да речеме, планираната монетарна политика, би можела да има несакани последици по стопанската стабилност и активност. Генерално, дискреционата моќ, се смета за повлијателна ако се држи во тајност, па затоа, јавноста не се известува, што се разбира, ги прави сите известувања лажни, но тоа се оправдува како корисна лага.

Претерувањето, прикривањето на податоците и голата, но наводно корисна, лага не се карактеристики кои се специфични за популизмот. Секако не, за неговите современи обновители. Кои, овие денешните, не се воопшто различни од оние кои ги знаеме веќе стотина години, од Октомвриската револуција во Русија и од крајот на Првата светска војна. Популизмот, инспириран од левите или десните револуции во последните стотина години, е отворена политика на неправди. Оваа карактеристика се гледа во обновените популистички движења и влади ширум светот, а особено онаму каде токму поради историски причини би требало да ги нема, или барем да не се стекнуваат со популарност – во Европа и Соединетите Американски Држави.

За политиката на неправди е карактеристична отворената дискриминација, која денес е главно националистичка. Навистина, и класниот популизам често беше националистички, но тоа ќе го оставам настрана. Интересно е прашањето зошто дискриминацијата, зошто нанесувањето неправди, зошто отвореното оспорување на туѓите права, еднаквите права всушност, зошто политичкото насилство, затоа што за тоа станува збор, може да биде политички популарно? И кои се предвидените, пред сè, морални последици?

Обично се очекува неправдите да предизвикаат револт, па властите, најчесто, тежнеат кон тоа да ги оправдаат со некоја повисока цел, или да ги прикријат, односно, да лажат дека тие ги мотивираат или дека тоа им е целта. Лагата, секако, сама по себе, е вид на насилство, извор на неправда. Популистите, меѓутоа, ја мобилизираат поддршката со ветувања дека ќе бидат неправедни, дека ќе легализираат дискриминирање на одредена категорија на луѓе. Странците, кои по некои критериуми се тоа, да речеме национални критериуми, странците кои се некои „поинакви“, на народот му се туѓи, или како што обично се вели, а што е уште полошо – однародени, се најчеста мета. Но, секако, класните, родовите, верските разлики во животниот стил и воопшто, културните и идеолошките групи, може да бидат предмет на популистичка дискриминација. Постојат три привлечни карактеристики на политиката на неправди.

Првата е дека водачите или партиите кои се подготвени решително да спроведуваат неправда, ги ослободуваат од моралните обврски кон дискриминираните групи – оние кои очекуваат да се офајдат од тие неправди. Колку порешително се негираат правата на другите, толку нашите обврски кон нив се помали.

Втората е дека лидерот е помоќен доколку е подготвен на поголема или што е можно помала оправдана неправда. Политиката на неправди е средство за зголемување на моќта на партијата, групата, дружината, или на оние кои се подготвени да раководат со неа.

Третата е авторитаризмот, затоа што моќта е порешителна и поефикасна и концентрирана во рацете на лидерот. Популистичките движења можат да бидат производ на лидерот, а можат и да произведат лидер, единство на волјата е во секој случај неопходно, а тоа подрабира авторитет на водачот, или, авторитаризам.

Она што е клучно е дека политиката на неправда го победува отпорот, којшто неправдата неминовно го поттикнува. За тоа е потребна јавна морална слабост, политичка акрасиа (состојба на умот, слабост на волјата, во која некој делува против подоброто расудување – н.з), каде една група има непосредна корист од неправдата, се стекнува со моќ и власт, а поголемата група, која може да биде и поголем дел од општеството, значи народот, има посредна корист, по што припадниците на народот се подготвени да бидат сопатници на лидерот или власта која спроведува дискриминација.

Во контекст на политиката на неправда, независно од нејзиниот успех, лагите не се само извртување на фактите или претерување, туку имаат и морална тежина. Обично, во периодот на напредок, на растот на занесот во вршењето неправди, тоа е Сталиновата состојба на „опседнатост со успехот“. Што може да се изразува и со претерување – за преродба од еден или друг вид. Потоа, во периодот на падот, лажат и чинат неправди сосема безобзирно.

Природно е дека неправдата поттикнува отпор, впрочем, како и лагите, освен доколку, така да се изразам, состојбата на нештата е заснована токму на неправди и лаги. Поради што популистичката политика е и одржлива, но не засекогаш. Ако требало да се спротиставите на неправдите, а не сте го сториле тоа, од еден или друг вид на користољубие, политиката на неправди, по тој основ може да смета на вас, на популизмот, дури и кога кон вас е неправедна.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Владимир ГлигоровдискриминацијалагиПешчаникполитика на напревдапопулизампретерувањестранци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ