• Latest

Домашните медиуми со 12.5 милиони евра ги привлекувале странските инвеститори

September 16, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Домашните медиуми со 12.5 милиони евра ги привлекувале странските инвеститори

September 16, 2017 15:13
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата на Никола Груевски во домашните медиуми платила 12,5 милиони евра за привлекување на странски инвестиции“, изјави Миле Бошњаковски, портпаролот на владата. Владата на Зоран Заев до сега излезе со низа соопштенија и прес конференции со кои се откриваат скандали поврзани со трошењето на парите на граѓанките и граѓаните.
Владиниот портпарол го претстави вториот дел од анализата за тоа колку поранешната Влада потрошила во периодот од 10 години за привлекување странски директни инвестиции, наспроти конкретните резултати добиени од истите. Во првиот дел, објавен на 13 септември јавноста дозна дека владата на Груевски потрошила 225 милиони евра за влез на 25 странски компании, кои отвориле 20.000 работни места.

Објавените податоци, под ставката трошоци за привлекување на странски инвестиции, покажуваат дека овој столб од трошоците, направени во изминативе 10 години е исклучително висок, нерационален, и остава простор за многу идни анализи и истраги.

„Станува збор за потрошени над 130 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија. Сумираните бројки покажуваат дека поранешната Влада потрошила над 31 милиони евра за реклами во странски медиуми, пари на граѓаните на Република Македонија“, изјави Бошњаковски.

За таканаречените роуд шоуа, министрите без ресор заедно со Никола Груевски, потрошиле точно 5,6 милиони евра пари на граѓаните на Република Македонија. Економските промотори чија улога, како што рече Бошњаковски, никогаш не беше јавно и транспарентно објаснета и беше во конфликт со македонската дипломатија, ги чинеле граѓаните на Република Македонија цели 12,5 милиони евра.

Б.Ј.

Tags: анализавлададомашни медиумистрански инвеститори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ