• Latest

Одложено рочиштето за „Сопот“

September 18, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Одложено рочиштето за „Сопот“

September 18, 2017 14:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одложено е првото рочиште за случајот „Сопот“, откако Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го презеде предметот. Следното рочиште Кривичниот суд го закажа за 9 октомври, а причина за одложувањето е службено патување на судијката Дијана Груевска – Илиевска, која го води предметот.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Дванаесет лица од селото беа осудени на затвор, заради тероризам, но од прислушуваните материјали објавени во 2015 година беше утврдено дека не постоеле силни докази за пресудата.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи изјави дека очекува судењето да почне што побргу, бидејќи веќе неколку години се одложува, но, не откри со какви аргументи ќе настапи СЈО во постапката.

Во предметот, 10 лица се осудени за кривично дело „Тероризам“.

Обвинителката Фетаи на прес-конференција во мај изјави дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами, врз кој како доказ, се изведени сите пресуди во случајот – е изнуден исказ. Фетаи тогаш рече дека МВР и службени лица, врз сведокот извршиле кривично дело тортура. Вештачењето на СЈО покажало дека кај сведокот се утврдени последици по психичкото здравје, но бидејќи не оставиле трајни последици, таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, па кривичното дело застарело во 2008 година.

Во еден од прислушуваните разговори, кои ги објави СДСМ, има разговор меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и тогашниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, за случајот „Сопот“. Според снимката, Јанкулоска му сугерира на Мијалков дека треба да биде консултиран и тогашниот премиер Никола Груевски, за да се види како да се продолжи со овој чувствителен случај, при што и двајцата признаваат дека претходната пресуда со која беа осудени обвинетите, се потпира на „тенки докази“.

За потсетување, експлозијата на мината во Сопот се случи во 2003 година, во време кога Македонија сѐ уште се опоравуваше од вооружениот конфликт од 2001, меѓу албанските бунтовници и македонските безбедносни сили.

По долготрајното судење, 12 обвинети, во март 2010 година, беа осудени на вкупно 150 години затвор, но по забелешките на албанските политички партии, посебна собраниска комисија заклучи дека имало некои пропусти во текот на судењето. Заклучокот на оваа комисија се базираше на тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами, кој изјави дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата.

По ова, беше донесена одлука за почеток на ново судење, кое што требаше да започне во 2011. Во меѓувреме, еден од обвинетите почина.

Tags: Кривичен Судодложено рочиштеСЈОСопотФатиме Фетаи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ