• Latest
Добро утро со Орданоски

Бојата на глупоста

September 19, 2017

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бојата на глупоста

September 19, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]И[/dropcap]ма извесна доза на мазохизам во експериментот што го спроведува Бранко Героски, иако и тој веројатно знае дека тоа никако не може да заврши добро по него. Откако широкоградо, како некаков самокандидиран Дон Кихот, реши врз себе да ја превземе улогата на претставување на пристојната и критичка јавност во Македонија (задача толку тешка колку и дефиницијата за тоа кој, како и зошто ја сочинува таа јавност; а и што, баш, па Героски решил да ја претставува?), се одлучи да го следи „бумбарот“ на македонскиот политички полусвет кој – бумбар како бумбар – го однесе на… знаете веќе што.

Не му е прв пат на Героски да чепка со стапче кај што не треба, па потоа да се буни и други да прозива затоа што се шири смрдеа; напротив, само што овој пат тоа го направи и физички, а не само во светот на виртуелната реалност во кој со својата трескавична фејсбук и друга активност сака да им парира и да им доскочи на сите анонимни и автентични будали кои решиле токму во расправи со него да шират омрази, теории на заговор, дезинформации и разни други петпарачки глупости.

Вчера изведениот (врз Героски) перформанс на простотилак на кој беше сведок целата македонска јавност, во суштина, е на линија на истите активности кои до неодамна ги организираше и спонзорираше партијата на Фамилијата кога, во очајот на својата демисија, се плукаа новинари и јавни личности по паркинзи и кафеани. Таа општа „миленковизација“ на јавната сфера, во која ВМРО-ДПМНЕ вложи толку силна енергија и многу средства, иако, на крајот, не му помогна на Груевски да остане на власт, сепак (и заради својата долгогодишна курирско-протуѓеровска изведба) дава резултат во разградувањето на моралните и професионалните стандарди во политичката култура во Македонија.

Бранко Героски (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Полициските доушници, одвратните медиумски пропагандисти, криминалните мешетари и мижи-бутај активистите од урбаниот полусвет добија иста тежина како и оние кои се трудат да останат професионалци и чесни во своите доблесни занимања. Политичко-медиумската и стручната општествена маргина ја довлечкаа во центарот, ја налицкаа, ја платија, ја наградија и со печатот на државата (а и со методите на тајната полиција и нејзините „приватизирани“ филијали) ја оверија како легитимна позиција за ширење шашми и магли, ем заради одмазда кон способните и поради сопствените општествени фрустрации, ем за да оттргнуваат внимание додека тие безмилосно го пљачкосуваа општественото богатство.

А публиката френетично и со навивачка страст – небаре се работи за оценување на некој од задниците на семејството Кардашијан! – шерува и става лајкови, како брутална форма на анонимната жед во јавноста за „крв и секс“ и за хранење на своите ниски и најниски воајерски политички страсти.

Кучешки некои времиња, друже бојосан Геро. Дон Геро.

 

П.С. Сега е вистинскиот момент да ме шернете и да ставите лајк.

 


 

Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Бранко ГероскиДон Кихотдоушнициполицијафамилија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ