Управниот суд ја одби како неоснована тужбата на Живко Митревски, со која бара да му се забрани на Дарко Димовски, да ја извршува функцијата претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Впрочем, Митревски бара да донесе времена мерка против решението на Министерството за труд и социјална политика, сѐ до правосилно завршување на управниот спор.
Според Судот, МТСП не го повредил законот на штета на тужителот.
„Судот најде дека нема услови за определување времена мерка во смисла на член 15 став 1, во врска со член 14 став 2 од Законот за управни спорови, па одлучи дека тужбата е неоснована“, стои во пресудата на Управниот суд.
Тужителот има право во рок од 15 дена, да поднесе жалба на оваа пресуда.