• Latest
Добро утро со Орданоски

Кои се вистинските монструми во „Монструм“?

October 5, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кои се вистинските монструми во „Монструм“?

October 5, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]ите имаат право да бидат разочарани од текот и исходот од судењето во случајот „Монструм“: и осудените и роднините на загинатите и целата македонска јавност. Сите сме свесни дека целиот случај доби крајно сомнителна правна разврска, што беше најавено уште со политикантската прес-конференција на Гордана Јанкуловска по апсењето на осомничените за грозоморниот настан, во која пригода таа политички им пресуди на уапсените уште пред да им бидат земени и првични изјави.

Затоа е барањето на в.д. државната јавна обвинителка Лилјана Спасовска за откажување од обвинението, за поништување на пресудите и за започнување на целиот судски процес од почеток единствениот исправен, и во морална и во правна и во политичка смисла, пристап кон овој предмет. За таа храбра и професионална одлука на обвинителката Спасовска треба да ѝ се честита!

Да бидеме на јасно: во овој деликатен случај не е само важно да се утврди кој ги извршил ликвидациите на жртвите – и, во таа смисла, сегашните осудени, или барем некои од нив, можеби повторно ќе бидат прогласени за виновни – туку е подеднакво важно да се утврдат мотивите на егзекуторите, вистинските причини за тоа злодело, но и евентуалните инспиратори, организатори или помагачи во страшниот злостор кои, како што сега стојат работите, останаа вон дофатот на правдата.

Најавите на Заев („политичката калкулација“) дека „бомбата“ што содржи разговори што можат да ја расветлат подготовката, изведбата и контекстот на тоа злодело навистина ги подигнаа очекувањата во јавноста. По падот на неправниот режим на Груевски, во кој обвинителите Зврлевски и Гешковска играа клучна „слугинска“ улога, дојде време да се „отворат“ сите елементи на обвинителниот акт на „Монструм“, вклучувајќи ја и неговата квалификација, мотивите за злосторот, собирањето и изведувањето на доказите, како и самата пресуда. Ако се покаже дека и тој предмет, барем во некои од тие елементи, е политичка „продукција“ на претходниот режим – а такви валкани полициско-обвинителско-судско-политички ујдурми се бројат со десетици во изминатите десетина години – тогаш целиот правосуден „синџир“ (Јавното обвинителство, Кривичниот, Апелацискиот и Врховниот суд) ќе повелат да седнат на обвинителна клупа, без пардон! Во зависност од утврдувањето на фактите околу евентуалното нивно незаконито делување, ќе видиме дали и кои политичари и полицајци ќе им се придружат на таа клупа. Така ќе се заокружи колекцијата на монструми во „Монструм“.

Доколку ова расчистување не се случи, препорачувам веднаш да се сопре подготовката за реформа на правосудниот систем во Македонија. Не ни треба, и вака е арно, барем се знаат тарифите.

Конечно, ако мисли Заев дека целата работа е само во правосудни раце, многу се излажал. Импликациите од правната разврска на кривично-правните настани околу „Монструм“ имаат првокласна политичка важност за Македонија и такви ќе бидат и последиците по Заев доколку реши дека тоа него не го засега.

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Монструм“Гордана ГешковсказлосторствоЗоран ЗаевЛилјана СпасовскаМарко Зврлевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ