• Latest

Жалопојки наместо реални решенија

October 9, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жалопојки наместо реални решенија

October 9, 2017 12:06
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вие добро знаете дека ова не се обични локални избори. Вашата одлука е исклучително важна – не е само, уште една обична одлука. Ние не гласаме само за наши градоначалници, за наши градови, туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија после 15-ти октомври. Во каква Македонија ќе живееме. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава“, им порача Груевски на граѓаните на Радовиш.

Во стилот на неговата добро позната квазипатриотска реторика, со примеси на хистерија и наднационализам, Груевски повторно, како и на сите предизборни митинзи во изминатите петнаесет дена, повторно ја промаши поентата на локалните избори. Па, наместо ветувања, за решавање на локалните проблеми, Груевски реши да си ги каже своите маки пред насобраните граѓанки и граѓани, и да ја побара нивната поддршка, за сопствен спас.

„Ние сме партија на граѓаните на Македонија, на народот во Македонија и ние сме гаранција за силна и сигурна Македонија. Сите вие знаете каква промена, развој и раст доживеа Македонија во последните 10-тина години. Се сеќаваме сите каде бевме пред 11 години, и каде бевме кога им ја препуштивме власта пред 5 месеци. Зборуваат со клевети, лаги и празни зборови. Нивната политика е политика на празни зборови. Тоа е политика на клевети. Тоа е политика на навреди. Тоа е политика на креирање тензии меѓу луѓето и заплашување, на нови афери, корупциии, криминал… Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново, ние не се плашиме од никого, ние сме ВМРО. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Сè додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме, да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец за развој на нашата земја. Ќе продолжиме да ги исполнуваме нашите ветувања, да работиме, да нудиме проекти и решенија. Тие не се способни да го прават тоа, тоа се покажа во минатото. Тие не се способни да даваат решенија и да создаваат проекти“, истакна Груевски, но со оглед на единаесетгодишната политика која ја води ВМРО-ДПМНЕ, останува нејасно, дали сето горенаведено се однесува на неговите најголеми политички противници, или пак, Груевски, совршено ја опиша својата работа како лидер на оваа партија сите овие години.

Целта и поентата на предизборните митинзи, ја промаши и Заев, па на централниот митинг во Скопје, побара поддршка од граѓаните за целосно ослободување на Македонија од режимот кој ја опустоши. Најави продажба на „мерцедесот“ кој беше купен за премиерот Никола Груевски. Зборуваше за укинувањето на радиодифузната такса, субвенциите и стабилизирањето на односите со соседите. На митингот за поддршка на кандидатот за градоначалник на Скопје…

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕмитингНикола ГруевскиРадовиш
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result