• Latest

ДНЕТ со поддршка на градоначалничката кандидатура на Таравари

October 25, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДНЕТ со поддршка на градоначалничката кандидатура на Таравари

October 25, 2017 10:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците и претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач, потпишаа меморандум за соработка пред вториот круг за локалните избори закажани за в недела. Со потпишувањето, ДНЕТ ќе го поддржи Таравари во вториот круг од локалните избори за градоначалник на општина Гостивар.

„Таравари им е добро познат на гостиварци и мислиме дека потполно може да одговори на задачите што треба да ги извршува еден градоначалник. Верувам дека со него Гостивар ќе има добра иднина. Затоа како партија едногласно одлучивме да го поддржиме. Како ДНЕТ подготвени сме сиот наш капацитет да го насочиме кон победа на овие локални избори за градоначалник на Гостивар“, изјави Сарач по потпишувањето на меморандумот во седиштето на партијата.

Таравари најави дека по изборите ќе се залага за поголеми права на турската етничка заедница во општина Гостивар.

„Планираме оваа соработка со ДНЕТ да продолжи и во Советот на општината. Во меморандумот што го потпишавме се предвидени сите точки од соработката и одредени права на Турците кои треба да ги имаат во Гостивар, права кои ги имале пред деведесеттите години, а и со Рамковниот договор им следуваат. Мене ми е жал што досега тоа не било спроведено и се надевам дека ќе ја имам таа чест да им овозможам одредени права кои им следуваат законски. Нормално, сите тие права ќе ги донесе Советот и тогаш тие ќе бидат легални“, рече Таравари.

Во барањата до идниот градоначалник беа наведен истакнување на знамето на турската заедница, воведување на турскиот јазик како службен и поголема застапеност во јавните установи со кадровски решенија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Арбен ТаравариДЕНТЕрдоган СарачКоалицијамеморандум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ