• Latest

Претставка за судијката Бахчовановска, антидатирала одлука за Ивона Талевска

November 1, 2017

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претставка за судијката Бахчовановска, антидатирала одлука за Ивона Талевска

November 1, 2017 15:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното Јавно обвинителство поднесе претставка за утврдување на одговорност на судијката Моника Бахчовановска, судија при Основниот суд Скопје 1 поради нестручно и несовесно вршење на судската функција. 

„Судијата Моника Бахчовановска, постапувајќи по поднесен приговор со предлог за издвојување од списите на предметот на незаконски прибавен доказ во предмет за кој ова Јавно обвинителство има поднесено обвинителен акт, на ден 11.09.2017 година донела решение во кое посочила решение на Апелациониот суд Скопје донесено на ден 18.09.2017 година. Тоа упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје“, стои во претставката поднесена до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија.

Иницијативата за разрешување на судијката Моника Бахчовановска, за антидатирање на одлуката со којашто ги отфрла бомбите во случајот „Тифани“ со обвинетата Ивона Талевска, е поднесена на 24 октомври.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева во иницијативата за разрешување, објаснува дека Апелациониот суд на 11 септември сѐ уште немал донесено одлука дека ќе важат прислушуваните разговори во обвинението за случајот „Триста“. Но, судијката Бахчовановска, во одлуката баш од 11 септември напишала дека Апелациониот суд одлучил за „Триста“ бомбите да важат, па прашува:„Од каде знаела Бахчовановска на 11.09.2017, каква одлука ќе донесе Апелациониот суд на 18.09.2017?“

Јанева упатува дека решението на судијата Бахчовановска е антидатирано решение, или „станува збор за друг вид на поведение со кое се врши злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања, од аспект на тоа како судијата Бахчовановска можела однапред да ја знае одлуката на Апелациониот суд Скопје“.

„Ваквото постапување на судијата Бахчовановска, земено во контекст на постапките кои се водат поради
постоење на основи на сомневање за можни злоупотреби на Автоматизираниот комјутерски систем за управување со судските предмети, сериозно може да навлезе и во делот на кривично-правна одговорност, со што се засилува сериозноста на ваквото постапување на судијата Бахчовановска. Од тие причини барам Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност за судија да покрене постапка за утврдување на одговорност за судијата Моника Бахчовановска“, стои во претставката на Јанева.

Судијката Бахчовановска, освен „Тифани“ ги оценува обвинителните акти и за предметите „Титаник“, „Тортура“ и „Тревник“.

М. И. 

Tags: Катица ЈаневаМоника БахчовановскаодговорностпостапкапретставкаСЈОсудијка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ