• Latest

Здружението „Совест“ загрижено за Алипашината џамија

November 23, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Здружението „Совест“ загрижено за Алипашината џамија

November 23, 2017 08:06
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Охрид организирани во Здружението „Совест“ денеска повторно со соопштение се огласија пред јавноста, со барање упатено до институциите во државата да реагираат согласно легислативата и да спречат какво било самоволие кога станува збор за активностите околу реставрацијата на Али-пашината џамија во центарот на градот.

Тие ги повикаа Јавното обвинителство, Народниот правобранител и Државната комисија за спречување на корупцијата да дадат  свое толкување, а согласно законските норми и овластувања соодветно да реагираат.

„Како прилог кон успешно разрешување на целиот случај, за кој ние и понатака сме на мислење дека е спротивен на законите, ги упатуваме посочените институции да ја проверат постапката и носењето на Планот за интегрирана заштита на Старото градско јадро што го донесува Управниот одбор на Заводот и музеј од Охрид, а кој произлегува од Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење“ – се вели во реакцијата од „Совест“.

Тие велат дека целта на нивното огласување не е да се обвинува, туку да се добијат одговори од надлежните институции зошто не се почитваат законите.

Како што беше истакнато во нивното прво појавување пред јавноста, граѓаните на Охрид организирани во здружението „Совест“ реагираа на начинот на кој се врши реставрацијата на Алипашината џамија во Охридската чаршија, како и на градежните активности околу самиот објект, за кои тврдат дека се спроведуваат без соодветна дозвола од надлежните институции.

Тие тогаш се произнесоа дека немаат ништо против конзервирањето на џамијата како објект од посебна историска важност заштитен со закон, но оти се спротивстававуваат на менувањето на изгледот на објектот, неговата околина, како и планот за изградба на 32-метарско минаре во центарот на Охрид.

Уште тогаш тие своите забелешки ги адресираа до сите надлежни институции очекувајќи од нив да не ја префрлаат одговорноста меѓу себе туку веднаш да преземат соодветни мерки согласно законската регулатива за исправување на состојбите и стопирање на сите градежни активности за кои нема дозвола.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Совест“Алипашина џамијазаконмеѓуверски односиминареОхрид
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ