• Latest

Тилерсон останува на чело на Стејт департментот

December 1, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тилерсон останува на чело на Стејт департментот

December 1, 2017 09:35
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Белата куќа денеска сооопшти дека Рекс Тилерсон ќе остане на чело на Стејт департментот, откако се појавија спекулации дека на негово место, како шеф на американската дипломатија може да дојде директорот на ЦИА, Мајк Помпео.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека „засега нема најави“.

– Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот и целата Влада е фокусирана на завршување на неверојатно успешната прва година од администрацијата на Трамп, изјави Сандерс.

„Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори во американската администрација, јави дека Белата куќа разгледува план за замена на државниот секретар Рекс Тилерсон со директорот на ЦИА Мајк Помпео.

Според весникот, Белата куќа подготвила план за отстранување на Тилерсон, за кој се тврди дека е во затегнати односи со американскиот претседател Доналд Трамп, и за негова замена со Мајк Помпео и тоа во следните неколку недели.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да ги коментира таклвите наводи.

„Тој е тука, Рекс е тука“ – одговори кусо Трамп, по состанокот со принцот од Бахреин во Вашингтон.

Сенаторот Боб Коркер, по разговор со Тилерсон, изјави дека државниот секретар не знае за плановите за негово сменување. 

„Тој се занимава со неговите секојдневни обврски и не знае ништо за некакви промени“ – изјави Коркер, кој е претседател на Комитетот за надворешни работи на Сенатот. 

Американските медиуми потсетуваат дека во однос на Северна Кореја, Тилерсон се заложи за дипломатски пристап, за што Трамп оцени дека е „губење време“.

Државниот секретар, исто така, го бранеше Договорот за иранската нуклеарна програма, а Трамп истиот го доведе во прашање.

Одредени американски медиуми, во текот на летото известија дека Тилерсон го нарекол Трамп „морон“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бела КуќаСАДСтејт ДепартментТилерсонТрамп
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ