Итна медицинска помош во Единицата за информации и команда Скопје пријавиле дека починало едномесечно бебе.
Како што соопшти МВР, настанот се случил на ул. „Бајрам Шабани“ во општина Чаир.
Во разговор со полициските службеници родителите на бебето изјавиле дека кога се разбудиле забележале дека бебето не дава знаци на живот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител телото на бебето било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Во меѓувреме се одвиваат разговори помеѓу политичките партии кој ќе биде нов министер за здравство.