• Latest

Две третини од универзитетските професори сакаат да заминат во странство

December 27, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Две третини од универзитетските професори сакаат да заминат во странство

December 27, 2017 15:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 68 проценти од универзитетските професори би ја напуштиле земјата доколку им биде дадена понуда да заминат во странство, покажува истражувањето за студијата „Воспоставување на критериуми за квалитет во општествените науки во функција на спречување на одливот на мозоци од РМ“, што денеска беше презентирана на Правниот факултет Јустинијан Први.

– Студијата, изработена од Институтот за стратешки истражувања и едукација, се однесува на одливот на мозоци во областа на општествените науки, и го урива пристапот што се фокусираше на спречување на одлив на мозоци во природните и медицинските науки. Резултатите укажуваат на тоа дека се јавува еден голем потенцијал за миграција во општествените науки и тоа кај категоријата на највисокобразовани кадри, вели Мишо Докмановиќ професор на Правниот факултет и автор на студијата.

Истакна дека предмет на анкетата, спроведена во септември годинава, биле универзитетски професори, асистенти, и истражувачи и додаде дека резултатите се поразителни.

Според него, 68 проценти, би ја разгледале можноста да ја напуштат Македонија, доколку им биде дадена понуда да одат во странство, а над 20 отсто веќе имаат преземено конкретни активности за напуштање на земјава.

– Државата десетици години инвестирала финансиски средства во образование, истражување, плати на најобразованите, а сега за 200-300 евра повеќе или помалку плата се доведува во ситуација да ги загуби, вели Докмановиќ, додавајќи оти најголем дел од нив би ја напуштиле земјата поради подобар животен стил, а тоа подразбира подобра плата, односно егзистенцијалниот момент е пресуден.

Според него, подолг временски период како резултат на политиките на претходната влада универзитетите се целосно истрошени во финансиска смисла.

Дарко Спасевски професор од Правниот факултет, вели дека мотивите академскиот кадар да заминува во странство се повеќенасочни, од една страна условите за работа на универзитетите а од друга страна и личните предизвици за поврвни универзитети.

Александар Николов од Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ вели дека во земјава постои национална стратегија за ова прашање што го покрива периодот 2013-2020, меѓутоа сликата покажува дека не ги исполнува целите заради кои што е донесен овој стратешки документ.

Истражувањето на Институтот, исто така, покажува дека над 40 отсто од испитаниците би прифатиле работа во странство и која не одговара на нивните квалификации.

Студијата на ИСИЕ нуди неколку препораки за клучните носители на политики, првенствено Министерството за образование и наука, универзитетите како и другите институции и организации.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ