• Latest

Банките се однесуваат како класичен лихварски картел

January 6, 2018

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Банките се однесуваат како класичен лихварски картел

January 6, 2018 16:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Блокирани повеќе од 112.000 сметки на физички и правни лица. Граѓаните и фирмите сѐ позадолжени кај банките. Се намалуваат каматите на девизните депозити кои се и така на историско ниско ниво. Извршителите со полни раце работа, годишно во просек наплатуваат по сто милиони евра. Се работи главно за банкарски кредити или друг вид задолжувања кај банките. Понудата од банките на запленет недвижен имот од хипотеки е сѐ побогата и по квалитет и по квантитет. Тоа се вистински каталози за понуда на недвижности.

Пишува: Перо Наумовски

Банките остваруваат историски високи профити кои се околу сто милиони евра на годишно ниво. Парите со кои работат и од кои се богатат се туѓи а остварените профити се нивни и на акционерите.

Најголем должник на банките е државата. Банките имаат издадено 1,8 милиони платежни картички или во просек на секој жител по една. Раст на БДП во минатата година е позитивна нула, значи нема раст. Ни малку розова слика за состојбата во економијата и животниот стандард на граѓаните во една од најсиромашните држави во Европа.

А банките живеат како бубрег во лој. Нешто тука очигледно не е во ред. Крајно време е да се преиспита местото и улогата на банкарскиот сектор во вкупниот економски систем во земјава.

Во една од најсиромашните економии во Европа со два милиони жители работаат, ни помалку, ни повеќе, туку 15 (со зборови: петнаесет) банки. Три од нив се доминантни и контролираат повеќе од 70% од пазарот. Тие функционираат како олигопол, а останатите ги следат во чекор. Само една од нив е во државна сопственост, а три од помалите се во сопственост на неколку домашни бизнис и финансиски олигарси, додека сите останати се во сопственост на странски инвеститори. Нормално, остварените високи профити потоа ги трансферираат во матичните земји.

Претерано се алчни. Сите се организирани како Акционерски друштва (АД), а нивниот акционерски капитал е помал од 10% од вкупниот банкарски потенцијал кој е околу седум милијарди евра и во најголем дел се состои од депонирани заштеди на домашни физички и правни лица. Значи, со малку свои пари управуваат со целокупниот капитал на заштедите на домашните физички и правни лица. Контрола на нивното работење врши НБРМ. На монетарната власт најбитно ѝ е одржувањето на солвентноста, ликвидноста и адекватноста на капиталот на банките, одржување на фиксниот курс на денарот во однос на еврото и воопшто – макроекономската стабилност. Банките, всушност, и немаат некој особен ризик во работењето ако се има предвид цената т.е. каматата што ја плаќаат на денарските, а особено на девизните депозити. Сите слободни средства, без никаков ризик ги пласираат преку благајничките записи на НБРМ или преку купување на државни обврзници. Каматите кои ги пресметуваат на кредитите со кои го кредитираат населението и бизнисот се за 5-6% повисоки и овозможува висока добивка. Банкарските услуги што ги наплаќаат се посебна приказна.

Тарифите за нивните услуги се на по неколку страници,  каде се утврдени најразлични надоместоци за разни банкарски услуги, многу често и апсурдни и незаконски. Еве неколку од нив.

Некои банки ви наплатуваат провизија и ако сте примиле средства на ваша сметка, наплатуваат надоместок ако сакате да ја проверите состојбата на својата сметка, надомест ако подигнете готовина од банкомат, а ако некој надлежен државен орган побара увид во вашата сметка, банката ќе даде такво известување, а услугата ќе ја наплати од клиентот за кој дала таква информација.

Често ги менуваат тарифите, а за тоа не ги известуваат корисниците. Се колнат во некои етички кодекси и сите се претставуваат како општествено одговорни компании. Тоа само на хартија, да се задоволи одредена норма а во праксата се случува сосем спротивното. Легло се на невиден непотизам.

Корисниците на банкарските услуги два пати се оштетени, еднаш како штедачи каде цената на нивните депозити е многу ниска и потценета и втор пат како корисници на банкарските услуги кои ги плаќаат многу скапо и преценето. Тие како сопственици на капиталот се двојно дискриминирани во однос со банките од страна на државата. Сопствениците на банките екстра профитите ги реализираат преку банкарските бирократи- менаџери кои ги стимулираат со енормно високи плати и ветени екстра бонуси за екстра профит. Тие, пак, за да ги добијат тие бонуси, подготвени се на сѐ. Вешто маневрираат меѓу она што им го овозможуваат законите или ги користат недореченостите на легислативата, така што, на разни начини, успеваат да извлечат неоправдано многу пари од џебот на сиромашните граѓани и компаниите.

Длабоко сум убеден дека оваа тема е од голем јавен интерес што силно ги засега сите граѓани на оваа држава. Новата Влада на Зоран Заев вети дека ќе го слуша гласот на народот и ќе работи во интерес на сите граѓани. Интерес на сите граѓани и на државата е состојбите со банкарскиот систем да се променат кон подобро со цел банкарскиот систем да биде во функција на интересите на сите корисници на банкарските услуги и во функција на поттикнување на економскиот раст, а не да се однесува како класичен лихварски картел од јужноамерикански тип.

Надлежните органи се повикани да се вклучат во остварување на оваа мисија. Има тука работа за многу институции. НБРМ како монетарна власт има на располагање инструменти кои би ги натерале банките повеќе да инвестираат во економијата. Уште од времето на финансиската криза, па дури и пред тоа, се заговараше окрупнување на помалите банки преку спојување, со цел поефикасно и порационално работење. Ништо од тоа не се случи. Немаат потреба дури и помалите банки да се спојуваат кога и вака одлично им оди бизнисот.

Агенцијата за спречување на перење на пари да ги прочешла сите сомнителни трансакции. И покрај тоа што банките имаат служби кои ги следат овие сомнителни трансакции, тие, сепак, овозможиле голем капитал, под сомнителни околности, да биде трансфериран кон странство, за што впрочем говорат извештаите на релевантни светски финансиски институции. Кај нас, од силните „контроли“, немаме ниту еден отворен случај.

Државата, исто така, придонесува кон ваквата состојба. Се фали со тоа што сме имале конзервативен банкарски систем кој нудел сигурност. Да, но цената на таа конзервативност и затвореност е на штета на граѓаните, на бизнисот и на државата, а во корист на алчните банки. Граѓаните ги чуваат своите заштеди и слободни средства најчесто во банките, поради сигурноста кои им ја гарантира токму државата, но и поради фактот што приходите од камати не се оданочуваат за разлика од било кој друг приход кој се оданочува. Тоа е дел од менталитетот на граѓаните, па сигурноста има предност во однос на ризикот. На државата ѝ одговара секогаш да има пристап до евтини пари, а во последно време дури често и се фали со тоа дека задолжувањето на домашниот пазар било поевтино од она во странство.

Антимонополската управа мора да ги испита сите аспекти на работењето на банките од аспект на тоа дали во нивното работење има елементи на монополско делување на пазарот. Здруженијата за заштита на потрошувачите се повикани да ги заштитат правата на  корисниците на банкарските услуги преку постојано следење и откривање на повреди на нивните потрошувачки права.

Голем дел од вработените во банките се на определено работно време. И тие се незадоволни, бидејќи работаат во грч и неизвесност. Банките максимално ги користат законските можности вработените што подолго да ги држат на определено работно време. Синдикатот мора да ги заштити вработените.

Невладиниот сектор во земјава најчесто до сега се бавеше со основните човекови права и тоа е нормално, но секако дека ќе мора сѐ повеќе да се бори и за човековите права кои се однесуваат на економско-социјалниот статус на граѓанките и граѓаните во општеството.

Време е стручната јавност да отвори дебата како да се реформира банкарскиот систем, да биде не само стабилен, туку да биде  во служба на потребите на граѓаните и бизнисот и активно да се вклучи во поттикнување на економскиот раст.

Банките, НБРМ и Владата, како три страни водени, секоја од свој лукративен интерес формираат триаголник кој лесно може да стане бермудски доколку на време не се реагира. Едноставно, банкарскиот сектор мора да стане поефикасен и во функција на економскиот развој, а не негов кочничар.

Потребна е итна и сепфатна акција.

А еве и малку иронија. Прочитав некаде деновиве, со сета резерва за точноста на информацијата, дека екс-премиерот Никола Груески планира, по завршување на политичката кариера, да се бави со банкарство. Тој добро знае дека во банкарството многу добро се заработува, брзо, лесно и без многу труд и ризик и тоа со туѓи пари.

И за крај, без иронија, можеби треба нешто да научиме од неговиот пријател Виктор Орбан, кој оваа битка со многу поголеми банкарски моќници дури и во рамките на ЕУ, успешно ја доби.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: банкидржаваекономски правазаштитаинституциикаматилихвамонополНБРМПрофитсоцијални права
Share498Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ