• Latest

Пчелиниот отров – лек за канцер, кожни болести и епилепсија

January 7, 2018

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пчелиниот отров – лек за канцер, кожни болести и епилепсија

January 7, 2018 10:40
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

(МИА) Природен ботокс, лек за остеопороза, кардиоваскуларни и кожни болести, канцер, мозочни удари, епилепсија, се само некои од својствата што му се припишуваат на пчелиниот отров т.н. апитоксин.

Апитоксинот во светски рамки наоѓа широка примена и e се попопуларен. Собирањето е пракса, а фармацевтската индустрија го откупува по 130 американски долари за грам, но бара да има исклучителен квалитет.

Во Македонија засега пчелин отров собираат само 20 пчелари. На домашниот пазар никој не откупува зашто нема софистицирана опрема за користење. И надвор нема пласман, бидејќи странските компании сѐ уште испитуваат дали е произведен органски, под т.н. био услови. Сепак, контакти со некои откупувачи (од Германија, Грузија, Хонг Конг) полека се воспоставуваат.

– За да произведе пчелин отров, пчеларот треба да има најмалку 50 пчелни семејства (сандаци). Неопходна е и посебна електронска апаратура со колектори или панели што создаваат електровибрации. Тие всушност ја иритираат пчелата да го исфрли отровот. Пчелата исфрла две третини од отровот, а една третина задржува за себе, за самоодбрана. Тоа значи дека останува жива зашто не го откинува осилото како кога боцка луѓе или животни (случај во кој, осилото, поради засеците, останува во кожата, односно се откинува од дебелото црево на пчелата и таа угинува), вели Томислав Рушков кој две години се занимава со производство на апитоксин, а органски произведува и други видови пчелни производи.

Собирањето пчелин отров е најсоодветно од април до октомври, кога пчелите се активни. Најмногу и најквалитетен отров исфрлаат младите пчели.

– Од еден сандак што има најмалку 30.000 пчели, може да се соберат 0,3 до 0,7 грама отров што потоа се складира во посебни тегли. Теглите мора да бидат од обоено стакло или да се заштитат со алуминиумска фолија од сончева светлина. Во спротивно, се губи квалитетот на отровот. Бојата на отровот која е природно белузлаво-сивкаста, под дејство на сончева светлина потемнува, објаснува Рушков.

Пчелиниот отров е течност која за пет до десет минути станува кристална супстанца, слична како солта.

– Откако ќе исфрли дел од отровот, пчелата е помедоносна, се зголемува приносот, количеството на собран нектар од поленот. Со исфрлање на отровот, пчелата и комплетно се чисти од крлежите кои природно ги има на себе. При електровибрацијата, сама ги исфрла од нејзиното тело со нозете, истакнува Рушков.

Процесот на собирање пчелин отров воопшто не е едноставен и поради тоа, пчеларите на почеток биле скептични. Се плашеле дека пчелите можеби ќе угинат или ќе напаѓаат зашто при иритирањето со електровибрациите, некои стануваат агресивни.

– Повеќето пчели не се агресивни. Го исфрлаат отровот и си заминуваат. Има пчели кои се агресивни во пречник од 30 до 50 метри. Тие може да нападнат и луѓе и добиток. Сепак, за кратко време се смируваат,… Како и да е, треба доволно едукација и тоа го правиме континуирано, потенцира Рушков.

 

Анализите и испитувањата на апитоксинот засега се прават во западноевропските земји и се релативно скапи.

 

– Имам потпишано договор со 20 наши пчелари кои собираат отров, но во мали количини. За овие две години имаме собрано околу 300 грама отров што се чува согласно меѓународните, стандардизирани, упатства за да не се изгуби квалитетот. Паралелно, во контакт сум со две лаборатории за анализа, едната во Хрватска, а другата во Австрија. Во однос на продажбата, целта ни е да обезбедиме сигурен откупувач што ќе ни овозможи да планираме производство и во наредните години. Интерес има, но се трудам да изборам висока цена за да бидат наградени пчеларите, да бидат задоволни и догодина повторно да собираат, па дури тоа да им биде и основен производ, напоменува Рушков.

Тој веќе воспоставил соработка со Албанија од каде го чека сертификатот за производство и трговија, а во тек е и процедурата во Косово.

– Собирањето пчелин отров во светот е пракса. Дури и британското кралство семејство користи козметика на база на пчелин отров. Се смета дека поради тоа кожата на кралицата изгледа толку нежна и свежа. Во крема за тело или лице се ставаат 0,1 – 0,8 грама, зависно од намената. Тој што ги користи, секако, не смее да биде алергичен, открива Рушков.

 

Засега, пчелиниот отров најмногу го бараат фармацевстките компании од САД, Англија, Германија и скандинавските земји.

Според податоци од Лекарската комора, апитоксинот е сличен на змискиот или отровот на атлантската медуза. Содржи 75 – 80 отсто протеини и пептиди. Составен е од 18 биолошко активни супстанци, минерали, ензими, слободни аминокиселини и масти.

Пчелиниот отров се користел уште во стар Египет, Грција, Кина, пред повеќе од 5.000 години, а го спомнува и Хипократ во своите белешки (советува убоди од пчели кај одредени состојби). За апитерапија се зборува и во санскритските текстови (Веда), Библијата и Куранот.

Мирјана Чакарова 

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: здравјеканцерлекотровпчеларство
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ