• Latest

Котески: Македонија можe да се гасифицира за две години

January 8, 2018

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Котески: Македонија можe да се гасифицира за две години

January 8, 2018 11:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Неблагодарно е да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР Благојче Котески во интервју за МИА.

– МЕР го развива  транспортот и го носи гасот до главната  регулациска станица во градовите, а  оттаму самите  општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој за нив стартуваше од 18-ти декември, ќе имаме ситуација во која ќе бидеме благопријатно изненадени од брзината на гасификацијата на државата, вели Котевски.

Во Македонија досега се гасифицирани само Струмица и Куманово, а во Скопје, посочува, за жал, иако има гас 20 години, поради одредени да не речам профитерски интереси, диструбуцијата за  гасификацијата не е направена. Имаме  и ситуација кај Крива Паланка, која не е гасифицирана, а покрај неа поминува главниот гасовод веќе 20 години.

Котевски потенцира дека е донесен гас до блок станица Штип и оти до јануари 2020 година треба да се стаса до Битола, а во тој период ќе може да бидат гасифицирани и Прилеп, Неготино и Кавадарци.

Активностите на првото градилиште Блок станица 5 до Неготино,  се при крај и се реализирани 84-85 проценти. Предвидениот рок, средината на декември, како што вели  е надминат, а како проблем ги наведува експропријацијата, но како што вели и пристапот на претходната власт кон МЕР.

За второто градилиште на потегот од Неготино до Битола, во должина од 40 километри, во периодов додека нема градежни активнисти на терен се подготвува  документацијата за решавање на имотно-правните односи за, како што посочува, подготвени да влезат во градежната сезона. За третото градилиште ЛОТ 5, од Скопје кон Гостивар со крак за Тетово, од изведувачите е побарано да достават документација за да може да се решавааат имотно-правните односи за овој потег.

– Спорните места во однос на самиот проект ќе се решаваат  паралелно со градбата  на планираните 45 километри, за да можеме во 2019 година да влеземе со решени имотно-правни односи и чиста ситуација на терен  и таа година да ни биде исклучиво за градба, вели Котевски и додава дека следната година освен имотно-правни односи ќе треба да се решаваат и  недостатоци во однос на проектната документација која ја затекнале.

Според Котевски, од новата власт има позитивна клима за проектот за гасификација на државата, за годинава се одобрени 32 милини евра  исклучиво за градба на почнатите проекти, и  дополнителни околу 10 милиони евра за решавање на  имотно-правни односи.

извор: МИА

 

 


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Tags: Благојче Котескигасификацијаенергетика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ