Oсновачот на Пеј-Пал, Спеј-Икс и Тесла, Елон Маск e човекот чија животна мисија е да го однесе човештвото на Марс, да создаде колонија од илјадници луѓе и да го направи човештвото вистински повеќе планетен род.
Тој смета дека природата на луѓето е да истражуваат да бараат нови начини за преживување и да се шират и населуваат нови места. Неговиот план е до 2025 година да има колонија на луѓе кои ќе живеат на Марс, погледнете го видеото за начинот на кој планира Елон Маск да ги префрли сите тие луѓе кои ќе сакаат да одат на Марс во видеото подолу:
Денеска независната комисија за безбедност при вселенски летови (АСАП) и препорача на НАСА да не ја сертифицира програмата Спеј-Икс за комерцијални цели.
Според стручните лица, слабите точки на ракетите „Фалкон 9“, што беа причина за експлозија на една од нив во 2016 година, сѐ уште не се отстранети. Тие сметаат дека е потребно да се преиспита пристапот кон гаранцијата на безбедноста на летовите.
„Цената на „товарот со намирници“ може да биде утврдена од конкурентните компании, но евентуална загуба на екипаж на вселенско летало може да значи крај на целата вселенска програма на САД. Надградбата на системите за гориво и на моторите по несреќата со ракетата во 2016 година практично не влијаеше на сигурноста на ракетите. Затоа НАСА и стручните лица од Спејс-Икс започнаа сосема нова конструкција на резервоарите на „Фалкон 9“, се наведува во соопштението од АСАП.
Во извештајот се додава дека, ни Спејс-Икс, ниту пак конкурентот Боинг моментно не ги исполнуваат стандардите на безбедност на вселенските летови.
Сѐуште нема коментар од страна на Спејс-Икс и Боинг за овој развој на настани но се надеваме дека ова нема да го одложи проектот за колонизација на Марс.
Погледнете го слетувањето на „Фалкон 9“ ракетата на Спејс-Икс:
Ермин Климента