Годишниот извештај на Human Rights Watch за 2018 година е ревизија на практикувањето на човековите права и слободи во повеќе од 90 земји и територии ширум светот од крајот на 2016 до ноември 2017.
Извршниот директор на Human Rights Watch, Кенет Рот, вели дека во овој период, преокупирани со внатрешната борба над популистичките агенди, многумина од светските демократии, вклучувајќи ги и САД и Обединетото Кралство, биле помалку подготвени од порано да ги промовираат човековите права во странство. Египет, Турција, Саудиска Арабија и Бурма се наведени како примери на земји каде недостатокот на меѓународен притисок им овозможи на владите да го уништат домашното несогласување и, на моменти, да извршат големи злосторства.
Според Рот, популистичкиот бран е едвај неизбежен и може да се промени ако владите и јавноста се подготвени да направат напор.
Извештајот се состои од листа на земји во кои поединечно се идентификувани значајни злоупотреби на човековите права и слободи.
Одредувањето на земјите што влегуваат во извештајот се базира на бројот на засегнатите лица, сериозноста на злоупотребите, пристапот до земјата и достапноста до информациите.
Како позитивен пример за отпор против популизмот се наведува Франција и борбата против кампањата на омраза кон муслиманите и мигрантите од Националниот фронт.
Уште еден позитивен пример е и отпорот против анти-миграциските и расистичките политики на претседателот Доналд Трамп од Републиканската партија во САД, но и од граѓански организации, новинари, правници, судии.
Б.Ј.