• Latest
Орданоски консезнус Македонија

Орданоски: Јавноста е врховен судија кога зборуваме за медиумска слобода

January 27, 2018

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Орданоски: Јавноста е врховен судија кога зборуваме за медиумска слобода

January 27, 2018 15:06
in ОПШТЕСТВО
Орданоски консезнус Македонија

Сашо Орданоски / Фото ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Со Сашо Орданоски, политички аналитичар, разговаравме за слободата како клучна за развој на демократија, медиумската слобода и за влијанието и одговорноста на медиумите во одбрана на слободата.

ЦИВИЛ Медиа: Што подразбирате по слобода на изразувањето, медиумски слободи и активизам?

Орданоски: Тоа се едни од најклучните проблематики во секоја демократија. Прашањето на слободата е суштинско за секоја од демократиите и тоа подразбира дека за спротивни мислења од оние што ги има власта не се одговара и не се сносат последици. И кога ќе дојдете до таа ситуација да можете да го изразите своето мислење без разлика на тоа што за тоа мислат оние што ги имаат одговорностите на власта, а потоа и самата јавност, е постигната слободата во општеството. Мислам дека Македонија вложи огромни напори за да ги подигне  тие нивоа на слобода кои беа исклучително загрозени, па дури и физички и насилни нивоа. Во таа смисла мислам дека веќе сме излезени од маглата и од тешкото загадување во кое живеевме речиси единаесет години зад нас.

Сега е моментот тие постигнати стандарди да се зацврстуваат и понатаму да се развиваат. Централното прашање на слободата е двострано. Едното  е тоа што го прави тој кој што има моќ да го има влијанието врз вас, но друго е прашањето до вашиот интегритет. Тоа секогаш се сведува и на колку луѓето сами сакаат да се борат за слободата и колку потоа знаат да ги почитуваат одговорностите што доаѓаат со слободата. Слободата не е море без крајбрежја и не подразбира дека за тоа што ќе се каже или направи не треба да се сносат последици во евентуалното загрозување на туѓи права  што се исто така предмет на слободата.

Мислам дека сме на добар пат и дека зацврстувањето на тие стандарди и на одговорностите, на таа креативност што ја подразбира слободата, на развивањето на сите фактори на подигање на слободата се нешта што не очекуваат во наредниот период.

ЦИВИЛ Медиа: Дали се соочувате со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со нив?

Орданоски: Јас сум повеќе од триесет години во сферата на јавно делување бидејќи сум новинар по професија, а веќе сум стигнал и во статус на некаква јавна личност чиј збор се почитува, тежи, но, исто така, носи и последици. Ако почнувам да раскажувам за кои и какви сѐ последици во последните три и повеќе децении сум имал, некои од нив биле многу непријатни, особено во изминатите десет години, би потрошиле многу време.

Човек треба да прифати да биде задоволен со тоа што самиот го прави според одредени стандарди за кои решил дека ќе се жртвува во смисла на некаков професионален ангажман. Од тука натаму или треба да паднете во некаква параноја, што е стратегија на оние што сакаат да ја ограничат слободата или во уште поголема замка, а тоа е да станете клиентела на тие што можат да ви ја ограничат слободата. Можам да кажам дека многу луѓе добро се наплатија и добро поминаа во животот практикувајќи тој тип на слободи, односно да им служат на центрите на моќ.

Тие искуства не се секогаш пријатни, но на крајот на краиштата, звучи како флоскула, меѓутоа не е, бидејќи сум доволно долго во оваа работа, на крајот тој чесен и професионален однос со интегритет се исплатува. Јавноста е врховен судија за тоа што го правиме и мислам дека таа има, без разлика какви се притисоците врз неа, моќ да досуди кои од тие што настапуваат во јавноста имаат интегритет за некакво морално и професионално делување. Мојот избор секога бил да ми биде поважна јавноста отколку центрите на моќ.

ЦИВИЛ Медиа: Можеме ли да зборуваме за медиумска слобода во Македонија?

Орданоски: Да. За медиумска слобода можеме да разговараме, бидејќи Македонија излезе од една фаза кога беше дури и опасно по живот да се изразува слободата. Мислам дека тоа искуство барем за догледно време нема да се врати затоа што реално јавноста е сега со подигнати критериуми и одбранбени способности. Не заборавајте, оние што беа слободољубиви успеаја да го тргнат тој еден не слободољубив режим што владееше со Македонија последните години. Сега доаѓа време на финансиски и технолошки аспекти на таа слобода. Но, ако немате во себе чувство, потреба за слобода, џабе ви е да имате и пари и совршени технологии, ништо од тоа не може да ви помогне.

Мислам дека изградивме атмосфера во која луѓето сакаат да бидат слободни, сакаат да ја изразат таа слобода. Останува да дојдеме до нивото кога тоа го правиме професионално и со одговорност. Тоа е приказна што трае и никогаш не завршува. Никогаш не можете да кажете дека е освоена слободата и дека нема потреба повеќе за тоа да се бориме.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки, како да се одбранат слободата на изразувањето, медиумските слободи и активизмот?

Орданоски: Во нашата професија, медиумите, прашањето на слободата е тесно поврзана со пазарот. На крајот, вие од тоа што го работите треба и да преживеете. Македонија има потполно нарушен пазар во поглед на медиумите и тука се потребни низа реформи. Лично мислам дека законските и регулаторските решенија се релативно пристојни, со сите поправки што треба да се направат. Конечно сѐ се сведува прашањето на кадрите. Не мислам дека веќе стандардните школи за новинарство можат да одговорат на предизвиците на новото време. Кадрите треба да бидат мултитехнолошки образовани, интердисциплинарно образовани, во крајна линија треба да бидат отворени за сите искуства што ги носат новите технологии, а со тоа и новите јавности… Новите генерации имаат поинакви разбирања за тоа што е достапност, приватност, што е можност за пласирање идеи, каде да ги бараат пазарите…

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски 


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Сашо Орданоскислобода на изразувањеслобода на медиуми
Share18TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ