Агенцијата за остварување на правата на заедниците има надлежност да ги следи остварувањата на правата во повеќе области како образованието на мајчин јазик, правичната застапеност во институциите, медиумите на јазиците на заедниците, посебно на јавниот сервис, потоа употребата на јазици и симболи на заедниците, состојбите во културата. Агенцијата е формирана со закон во 2008 година, а почнува со работа во 2009 година.
Сегашниот директор, Џељо Хоџиќ, вели дека ја затекнале агенцијата во тешка состојба, дека агенцијата ја прекинала соработката со стратешкиот партнер ОБСЕ, и дека отпосле успеале да ја обноват таа соработка за минатата година, а веќе оваа година очекуваат да потпишат меморандум за повеќегодишна соработка.
„Една од активностите кои ги направивме минатата година по обновената соработка со ОБСЕ, направивме партиципативни форуми, едниот беше за образование на мајчин јазик и вториот беше партиципативен форум со нова методологија, каде направивме вклученост на граѓанскиот сектор кој е критички настроен“, изјави Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа.
Ангела Петровска
Камера: Дехран Муратов