• Latest

Шилегов: Меѓу двете влади постои расположение за решавање на проблемот

February 11, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов: Меѓу двете влади постои расположение за решавање на проблемот

February 11, 2018 14:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“. Петре Шилегов, вели дека тој, но и премиерот Зоран Заев сакаат да ги решаваат, а не да создаваат проблеми.

„Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам во овој момент е дека меѓу двете влади постои едно расположение, намера да се реши проблемот“, вели Шилегов.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во интервјуто под наслов „Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја“, Петре Шилегов говори за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, за направените промени во Уставот, за Александар Велики, но и за соработката меѓу двата главни градови.

На прашањето за евентуалните уставни промени што Грција ги бара од нас, скопскиот градоначалник објаснува дека постои член во Уставот според кој Македонија нема територијални претензии од соседните земји.

„За конкретното прашање го променивме нашиот устав во 1992. Во нашиот Устав не постои член што поддржува такво нешто за ниту една земја. Секако, постои член во нашиот устав што вели дека немаме територијални претензии од соседните земји. Затоа ова не треба да биде закана за никој во Грција“, вели скопскиот градоначалник.

Шилегов одбива да ги коментира македонските позиции во разговорите за името, бидејќи вели дека било каква политичка изјава може да му наштети на процесот.

„Процесот што е во тек меѓу владите се наоѓа на средина. Така што во овој момент било каква изјава за прашањето, особено од политичари – дури и моето лично мислење бидејќи сум потпретседател на социјалдемократската партија, може да нанесе штета. Подобро е да им помагаш на луѓето што преговараат, што се вклучени во процесот, да ги охрабруваш да го решат проблемот“, вели скопскиот градоначалник.

Запрашан за тоа дали се согласува со изјавата на поранешниот претседател Киро Глигоров дека сме Словени што дошле по Александар Велики, Шилегов вели дека преферира, Александар Велики да го гледа како лидер што го цивилизирал целиот свет.

„Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја. Беше вклучен во нашата историја во последните десет години. Во основа, кога говориш за таков вид на етничка припадност, држави и народи, тоа се однесува на последните 300 години, додека пак Александар Велики, живеел пред 2300 години. Јас преферирам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет“, објаснува градоначалникот на Скопје во интервјуто за „Документо“.

Шилегов вели дека комуникацијата е најдобриот мост на пријателство меѓу народите, бидејќи многу стереотипи исчезнуваат кога луѓето се запознаваат и „така разбираме дека ги имаме истите проблеми и ги делиме истите вредности“.

„Ние, од позиција на градоначалник на Атина од една и градоначалникот на Скопје од друга страна, откривме дека ги делиме истите проблеми“, вели Шилегов.

Обраќањето на грчки јазик на почетокот од прес-конференцијата во Атина, по средбата со Каминис, предизвика аплаузи кај присутните, а сега новинарката во интервјуто го прашува дали има некаква поврзаност со Грција. Вели дека неговиот дедо бил роден во село во близина на Воден, а од Грција заминал кон средината на 20-от век, но тоа не е причината што тој знае малку грчки, туку вели дека научил затоа што поминал многу време во различни делови на Грција, во близина на нашата земја.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаДокументоинтервјуШилегов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ