• Latest

Милошески: Секој медиум треба да излезе сам на пазарот и да преживее

February 18, 2018

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Милошески: Секој медиум треба да излезе сам на пазарот и да преживее

February 18, 2018 13:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Зоран Милошески, новинар од Прилеп, разговаравме на тема слободни медиуми, слобода на изразување и како промените што настанаа на политичката сцена влијаеа на новинарството.

ЦИВИЛ Медиа:  Што за вас претставува слободата на изразување и слободата на медиумите?

Милошески: Долго време зборуваме за истото прашање и никако да дојдеме до одговорот. Во секој случај слободата на изразување треба да биде еден од постулатите на секое демократско општество. За жал, ние долго време се вртиме околу формулацијата и повеќе се занимаваме со формата, отколку со содржината. Во 26 години независност ние пак се враќаме на почеток, со прашањето што е слобода на медиумите, дали имаслободни медиуми…

Денес состојбата во медиумите не сме многу напред. Иако ги детектиравме проблемите, имавме пример од една деценија и повеќе како не треба државата да се однесува кон медиумите. Период во кој имавме тотално неслободни и корумпирани медиуми. Сега е многу тешко да излеземе од таа кал. Колку средината е помала, на локално ниво, толку тежината е поголема.

ЦИВИЛ Медиа: Како индивидуално можете да придонесете да се подобри состојбата во медиумите?

Милошески: Секогаш да ги имаме и двете страни од информацијата. Да им дадеме шанса и на тие што се на власт и на тие што се во опозиција. Но, и да им дадеме шанса и на граѓаните да го кажат своето мислење. Иако кај нас работите се поделени црно-бело, на владини и невладини медиуми, граѓани што се со власта или со опозицијата, постојат и граѓани што се неопределени што гласаат по сопствена проценка.

Моето гледиште за слобода на изразување е да се даде шанса на сите да го искажат своето мислење, без разлика дали се внатре или надвор од кутијата на системот.

ЦИВИЛ Медиа: Дали некогаш сте се соочиле со притисоци од бизнис и политичките центри на моќ и како сте се справиле со нив?

Милошески: Од бизнис центрите директно не, но тоа секогаш оди преку партиите. Можноста да се добие реклама беше многу тешко затоа што не бев близок до партијата што беше на власт. Бизнисменот ќе ви рече дека нема желба или интерес да се рекламира, а во позадината стои политиката. Значи, некој му кажал во кој медиум не треба да се рекламира, на кој новинар не треба даму дава интервју. Не зборуваме само за бизнис туку и за извршување нановинарската професија.

Исто така, не постоеше можност да добиеме информација или изјава од државните институции. Односно, изолација на сè што не припаѓаше на власта беше максимална.

ЦИВИЛ Медиа: Со промените што настанаа дали се здобивме со извесна слобода во медиумите и како до целосна слобода во медиумите?

Милошески:  Подобро е, но не треба тука да застане. Она што најмногу ми смета е нерешениот статус со МРТВ. И по една година со смена на власта, статусот е истиот… Гледам дека одредени медиуми сакаат да продолжи истиот начин на финансирање. Нив им беше супер, земаа пари од проектите на владата, од локалната самоуправа… од секаде… И мислеа дека ќе го сменат дресот иќе продолжат на истиот начин. Во моментот го оправдувам ставот на власта и градоначалникот на Прилеп да не финансира медиуми. Секој медиум треба да излезе сам на пазарот и сам да преживее… А не, како, на пример, некои прилепски медиуми што велат, ако не ни даде градоначалникот пари ќе пропаднеме. Па нека проаднат… Ако имате начин, ако ве бива да работите самостојно добро, ако не, не се единствените што не успеале… како опстојувавме години наназад? Некои успеаја, некои проаднаа, тоа е пазарот.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: Зоран Милошескислобода на изразувањеслобода на медиумите
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ