• Latest

Духот на режимот воскреснат…

February 19, 2018
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Духот на режимот воскреснат…

February 19, 2018 14:59
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Одговор на барањето за извинување од Жика Стојановски

Барањето за извинување е целосно неосновано. Се базира на паушални интерпретации кои не се поткрепени со докази и аргументи. Се цитираат членови од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, и врз основа на тоа се бара извинување со формулација, дека наводите во текстот „се невистинити и со непроверена содржина“. Типичен НКВДовски ракопис.

Целта е заплашување и спречување на вакви иницијативи. Ова беше карактеристика на минатата власт, но и на многу други гарнитури со иста идеолошка матрица од периодот на едноумието. Мене нема да ме спречите со овој потег. Напротив! Во еден дел, во барањето се изразува жалење што не се наведени изворите на информации и не е понуден ниту еден писмен доказ. Ваквата интерпретацијата задира во слободата на говор и изразување дефинирани со членот 12 од Законот за медиуми. Покрај тоа, наведеното тврдење е спротивно на фактите, бидејќи во написот има факсимил од документ упатен до секторот за урбанизам на Општина Илинден, како и до Министерството за транспорт и врски. Доколку лицето кое бара извинување, но и за потребите на пошироката јавност се бара објавување на целокупната документацијата, Ве информирам дека таа е дел на иницијатива за покренување кривична постапка, формално правно покрената на 6 февруари 2018 во Министерството за Внатрешни работи, оддел за економски криминал со седиште во Скопје. Во интерес на истрагата документите во овој момент не можат да бидат објавени, но доколку добиете дозвола од надлежниот орган, сигурен сум дека професионалците од ЦИВИЛ Медиа ќе ви излезат во пресрет.

Што се однесува до контекстот во кој директно е спомнато лицето кое бара извинување, Ве упатувам на следните членови од Законот за локална самоуправа: член 50 ставовите 1, 5, 11, 13, 14 и став 15. Исто така и на општите одредби од истиот закон и тоа членовите 6, 7, и особено членот 13 во кој се дефинира поимот „одговорност“. Во текстот нема лична навреда, ниту пак клевета. Тоа не е наведено ниту во текстот на Барањето за извинување. Се работи за информација добиена од граѓани на населба Илинден, која заради природата на истрагата, во овој момент нема да ја споделиме со пошироката јавност. Изворот на информацијата проценува дека до јуни оваа година ќе стигнат првите назнаки до официјалните институции на Република Македонија.

Во име на изложување на фактичката состојба и целосно информирање на пошироката јавност, чувствувам за потреба да ги допрецизирам наводите во текстот „Покрената меѓународна истрага против градоначалникот на општина Илинден“ објавен на 30 јануари 2018. Во врска со случајот опишан во наведениот текст, би сакал да ги охрабрам надлежните институции да ја испитаат законитоста на одлуката на Советот на Општина Илинден донесена на 31 јануари 2018, архивски број 07-263/4 врз основа на која лицето кое бара извинување, на 2 февруари 2018, донело Решение со архивски бр. 08-358/1, а со кое „се задолжува надлежниот орган да издаде одобрение за градење објекти на компанијата КОЛИД КОМПАНИ АС ДОО. Објектот е веќе изграден и работи со полна пареа веќе неколку месеци. Она што ја прави целата ситуација сомнителна е Решението од 27 септември 2017 година за отстранување на изградениот објект донесено од овластени лица вработени во Општина Илинден. Дополнителна околност е што објектот се наоѓа на парцелата 1214/1, која пак е предмет на законска постапка согласно Законот за денационализација. Ова го преставува вториот дел од иницијативата од 6 февруари оваа година, за покренување на постапка согласно Кривичниот Законик на Република Македонија.

Г-дине Стојановски малку е чудна содржината, тајмингот и ревноста на барањето. Имено, сигурен сум дека Ви е познат предизборниот памфлет “Жика Стојановски и Веселата му дружина“ од предизборието на локалните избори во 2009 год. Таму се изнесени сериозни обвинувања за начинот на кои сте ја менаџирале работата на органите на општината, но и со аргументирани ставови за лажно преставување на Вашите заслуги за развојот на општина Илинден. Можете ли да и објасните на јавноста зошто за овие написи не се чувствувате навреден и наклеветен од тие наводи? За овие, но и други неправилности и сомневања во законитоста и општополезноста на Вашето работење, Ве поканувам и Ве предизвикувам на јавна дебата на место, време и простор кое Вие ќе го изберете. Докажете си ја честа, угледот, достоинството, иновативноста, интелектуалните и високо морални квалитети на дело! Верувам дека воопшто нема да размислувате да ја прифатите понудата.

Надокрај една молба. Доколку се решите да покренете тужба, Ве молам да ги оставите ЦИВИЛ Медиа надвор од неа. Тужете ме мене лично. Со драга волја и пред поширока јавност ќе ги презентирам сите податоци и аргументи пред надлежниот суд. Во исто време ги повикувам граѓаните на населба Илинден и околните населени места да се охрабрат, да се одважат во борбата против корупцијата и криминалот, и ги поттикнувам за посилен ангажман во реализација на развојот на демократските институции во општината.

Марјан С. Здравковски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: барање за извинувањеЖика СтојановскиМарјан Здравковскиодговор
Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ