• Latest

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

February 21, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот

February 21, 2018 13:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Целта на измените и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е департизација и професионализација на МРТ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Владата вчера веќе го испрати законот во Собранието. 

Суштинските измени што се предлагаат, како што изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, се однесуваат на изборот на управните тела и директори на МРТ и на АВМУ, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.

Со измените се предвидува финансирање на јавниот радиодифузен сервис МРТ директно од Буџетот на Република Македонија и тоа во првата година со 0,7 отсто, во втората 0,8 отсто, третата 0,9 отсто, се до еден отсто. МРТ, вели Бошњаковски, ќе има целосна финансиска независност.

Министерот за администрација и информатичко општество Манчевски изјави дека се радува бидејќи овој закон ќе овозможи на јавноста да и бидат познати лицата кои ќе се кандидираат за членови на Програмскиот севрис на МРТ.

– Во однос на изборот на Програмскиот совет на МРТ, прво максимално е либерален пристапот за кандидирање, секој може да се пријави, мора да има осумгодишно искуство во областа на медиумите и поддршка од универзитетите, медиумски организации, пропишани се условите во законот. Се работи за луѓе кои што треба да се професионалци и од фелата да имаат. Она што за мене е најважно и различно од се до сега е дека јавноста ќе разбере за кандидатите, ќе ги гледа, додека трае постапката за избори. Во Комисијата за прашања на избори и именувања ќе се организира надзорна расправа и тие ќе кажат што работеле, рече Манчевски.

Во однос на операторите кои реемитуваат програма и тврдењата дека во законот се вметнати два става кои се неприменливи во Македонија, Манчевски кажа дека текстот оди во собраниска процедура и дека постои можност за негово ревидирање. Сепак, нагласи дека авторските права мора да се почитуваат.

Немаше конкретен одговор кога евентуално на владина седница би се нашле евентуални измени на Законот за медиуми, за што кажа дека Владата е тука да даде шанса и простор доколку медиумските работници сметаат дека тоа е потребно.

Со овој закон кој предизвика дебата во медиумската јавноста би се предвидела регистрација на интернет порталите, што би значело дека секој од нив би требало да содржи Импресум и да се регистрира во Централниот регистар.

Владата на вчерашната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со кој се врши усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: законЗакон за аудио и аудио-визуелни медиумски услугиизмениМТВ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ