• Latest

Генерација 1955

February 26, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Генерација 1955

February 26, 2018 12:42
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Генерацијата родена 1955 година растеше во поранешната држава во период на електрификација и индустријализација. Тоа беше релативно сиромашно, но сепак, безгрижно детство. Полека, паралелно со образованието кое беше солидно и бесплатно, во нашите домови се вселуваа телевизорите, а за телефон мораше да се плати однапред па да се почека некоја година.

Пишува: Перо Наумовски

Но, годините додека си млад средношколец, а потоа и како студент, брзо поминуваат и под претпоставка дека редовно си го завршил факултетот некаде во 1978,79 со диплома во рака се пријавуваш во Заводот за вработување каде во тоа време веќе за секое слободно работно место се правеа ранг листи каде прв критериум не беше успехот туку времето на чекање. Неопходно беше да имаш поголем стаж во чекање, а успехот од студирањето и знањето не беа битни. Да набиеме малку стаж во чекање а да не губиме многу време, одевме во ЈНА да ја исполниме и таа граѓанска должност.

Само што се вративме од ЈНА и конечно се вработивме во 1980 година, умре Маршалот. Почнаа проблемите во државата, снемуваше девизи затоа што требаше да се враќаат странските кредити, немаше бензин па се воведоа бонови за бензин, па се возеше пар непар, па немаше кафе и зејтин, а инфлацијата секоја година беше двоцифрена. Мораше да се стега каишот, се зборуваше постојано за некоја економска стабилизација, меѓутоа состојбите беа се понестабилни и понестабилни, сè до распадот на државата.

Во самостојна и независна Македонија знаеме како помина првата декада со политички тензии, ембаргото од Грција, катасрофалната приватизација, аферата ТАТ, губење на пазарите на поранешната држава и отпуштање на голем број вработени.

Промена на власта во 1998 година наместо да ја подобри состојбата, таа со погубната тајванска авантура и со драстично зголемената корупција и криминал, на крај и вооружениот конфликт во 2001 година ја врати државата во катастрофална положба.

На последниве 15-16 години нема посебно да се осврнам бидејќи сеќавањата се свежи со констатација дека тие беа најлоши, не само за мојата генерација, туку и за сите кои останаа уште да живеат во оваа земја. Последна надеж за сите беше ослободувањето на заробената држава и најавата за нов живот за сите.

После поминати многу бурни времиња и предизвици и во претходната држава, а особено во оваа нашава, мојата генерација се надева дека наредната година ќе оди во заслужена пензија.

Но, на изненадувањата, секако мислам на непријатните кои нè следат како генерација, како да им нема крај.

Човекот кој ни ветуваше живот за сите а ние се надевавме дека тоа важи и за мојата генерација, сега вели – Добро би било за оние кои работаат да поработаат уште некоја година, а оние кои не работаат (а јас знам многу такви), да почекаат уште некоја година до пензија. Шок за мојата генерација која уште работи, уште поголем шок за оние кои не работаат и чекаат да наполнат 64 години. Живот за сите, а за нас ако може уште малку да поработиме и да почекаме.

Затоа имам една голема молба до единствениот претставник на мојата генерација во оваа влада, а воедно и моја мила и почитувана колешка од факултет министерката Зорица Апостоловска која своевремено и успешно раководеше со МАПАС и е голем експерт од оваа област, да објасни во владата со сила на стручна аргументација, дека оваа планирана мерка за зголемување на старосната граница за пензионирање е неправедна, непотребна и контрапродуктивна.

Tags: генерацијаживотпензијастаросна граница
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ