• Latest

Транспарентност и критики

March 3, 2018

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Транспарентност и критики

March 3, 2018 09:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата настојува да работи транспарентно и отчетно, принцип кој, како што вели министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски ја одвојува од претходната влада и од кој нема да отстапува. Невладините организации и новинарите, пак, ги поздарвија промените, но изнесоа и низа забелешки за работењето на Владата.

На вчерашната јавна дискусија со учесници од НВО-секторот за размена на мислења и идеи за актуелните владини политики поврзани со нејзината транспарентност, беше најавено дека Владата следната недела ќе промовира нова дигитална алатка за следење на трошоците на министрите, замениците-министри и државните секретари.

Министерот Поповски истакна дека во тек е изработка на софтверот за следење на овие трошоци кој ќе понуди точни информации, но и наративен извештај за наведените трошоци.

Според Илија Жупановски од Секторот за медиуми во Владата, употребата на ваква алатка за дигитална транспарентност е светски тренд, а целта е меѓу другото да се држат трошоците на овие функционери на најниско ниво. На почетокот ќе биде опфатена група од 60 функционери, а листата на опфат понатака ќе се прошири.

Во однос на агендата за транспарентност, Поповски ги наведе еднаквиот пристап кон сите медиуми, редовните владини брифинзи по владините седници кои прераснаа во прес-конференции и партиципацијата на членовите на Владата во јавните дебати, како и обврската за објавување на договорите за тендерските постапки на сајтот на Бирото за јавни набавки.

– Убедени сме дека тоа не е доволно, ќе одиме на објавување и на материјалите, на записници од седниците на Владата, но молиме за трпение. За да го спроведеме сето тоа, потребна ни е администрација која ќе може да го следи чекорот, рече Поповски.

Тој ги повика медиумите и невладиниот сектор да ги посочат институциите, личностите кои не го следат овој концепт на транспарентност на Владата за да извршат притисок и да се коригираат.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ЗНМ на дискусијата упати забелешка кон министрите од редовите на ДУИ кои, според него, се уште се однесуваат како во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кон новинарите од медиумите на албански јазик кои се критички кон нивната работа.

На Владата и забележа и дека е премногу чувствителна на јавна критика, како и тоа што се уште немаат добиено одговор до каде е постапката за случајот со новинарот во МНР.

Министерот  Поповски, на забелешките за однесувањето на министрите од ДУИ, потенцира дека принципите треба да важат за сите подеднакво.

– Ако говориме за отворена Владата тоа треба да важи за сите. Претходната влада функционирала во два света – една влада официјално, две влади неофицијално. Сега министрите и функционерите на ДУИ полека треба да се прилагодат на ова што значи концепт на владеење и демократиозирање на општетеството. Тие се активен партиципиент, но недозволиво е да бојкотираат медиуми, и не само од таа туку од сите партии, рече Поповски.

За случајот со новинарот во МНР, Поповски изрази чудење што овој случај се уште не е затворен оти тоа не смее да се дозволи и најави дека ќе провери зошто се уште нема одговор од МНР.

Во однос на пречувствителноста на критики, изјави дека во прашање се карактери, но и дека е процес во кој очекува сите да созреат.

– Потребни се вакви дискусии. Многу се значајни забелешките и критиките особено на кадровските решенија и на политиките на Владата. Треба да ги издржиме тие работи, одговорот и трпението мора да го имаме, вели Поповки.

Околу реформите во медиумите и Законот за АВМУ, Поповски порача дека клучно е опозицијата да ги поддржи, а спорната одредба, според владин став, ако не стои во овој закон ќе треба да биде избришана од сите закони, но тоа рече, не значи дека волјата нема да биде испочитувана.

Беше побарано и принципот на активна транспаретност да се примени и спушти и кај локалната власт и во јавните претпијатија, поради низата коруптивни дејстија на локално ниво, како и предлог за изработка на листа на критериумите и на лицата именувани и  назначени во управните и надзорини одбори и директори, која според искажана проценка брои околу 11.000 лица

– Кога правите разни софтвери и алатки да го земете и ова предвид каде јавноста ќе може да се информира и за овие функции, рече Неда Малеска Сачмаровска.

На дискусијата беа изнесени и предлози и сугестии во однос на декласификацијата на информациите, за проширување на опфатот на институциите со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за кој работна група работи на негови измени, за вработувањата во Владата со договори на дело.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владакритикиотчетностреформитранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ