• Latest

500 канадски лекари протестираат зашто биле премногу платени?!

March 7, 2018
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

500 канадски лекари протестираат зашто биле премногу платени?!

March 7, 2018 12:11
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 500 лекари и над 150 студенти по медицина од Квебек, Канада го потпишаа јавното обраќање во знак на протест поради покачувањето на нивните плати!

„Ние, лекарите од Квебек, кои веруваат во силен јавен систем, се спротивставуваме на неодамнешните зголемувања на платите, преговарани од нашите медицински здруженија“, стои во писмото на лекарите.

Групата лекари вели дека се навредени од овие покачувања, додека медицинските сестри и пациентите се борат со проблеми.

„Овие зголемувања се уште пошокантни, бидејќи нашите медицински сестри, службеници и други професионалци се соочуваат со многу тешки услови за работа, додека нашите пациенти живеат со недостаток на пристап до потребните услуги, поради драстичните кратења на буџетот и централизацијата на моќта во Министерството за здравство во изминатите години“, се вели во писмото објавено на 25 февруари.

„Единственото нешто што, се чини, е имуно на буџетските намалувања, се нашите награди“, се вели во писмото.

Канада има систем за јавно здравство што обезбедува „универзално покривање на неопходните здравствени услуги, обезбедени врз основа на потреба, наместо на платежната моќ“, стои на веб-страницата на Владата.

213-те специјалисти за општа медицина, 184 специјалисти, 149 лекари-резиденти и 162 студенти по медицина, сакаат – наместо да ги добијат покачувањата на примањата – парите да се вратат назад во системот!

„Ние веруваме дека постои начин да се редистрибуираат ресурсите на здравствениот систем во Квебек за да се промовира здравјето на населението и да се задоволат потребите на пациентите без да се туркаат работниците до крај”, се вели во писмото.

„Ние, лекарите од Квебек, бараме да се откажат зголемувањата на платите на лекарите, бараме подобро распределување на ресурсите на системот за доброто на здравствените работници и да се обезбедат здравствени услуги, достојни за луѓето од Квебек”, пишуваат лекарите во обраќањето до јавноста.

Според извештајот на Канадскиот институт за здравствени информации објавен во септември 2017 година, лекар во Канада е платен 260,924 долари (339,000 канадски долари) годишно, за клинички услуги од  Министерство за здравство годишно. Според истиот извештај, во просек, семејниот лекар е платен 211,717 долари (275.000 канадски долари) за клинички услуги, а хируршки специјалист е платен 354.915 американски долари (461.000 канадски долари).

Цената на медицинското училиште во Канада е субвенционирана од регионалните влади, според Здружението на факултетите за медицина на Канада. Трошокот варира во зависност од тоа дали студентот е канадски државјанин, постојан жител или странски студент. За канадски државјани или постојани жители, школарината за првата година од медицинското училиште се движи од 2.567 долари (3.334 канадски) до 20.064 долари (26.066 канадски долари), според веб-страницата на Асоцијацијата на факултетите за медицина на Канада.

Tags: здравствен системјавен системКанадаКвебеклекаримедицинаплатираспределбаресурси
Share225TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ