• Latest

Борисов: Жалиме за жртвите од холокаустот, такви грешки не смеат да се повторат

March 12, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Борисов: Жалиме за жртвите од холокаустот, такви грешки не смеат да се повторат

March 12, 2018 11:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нацистите кои биле тука направиле нечовечки нешта со живи човечки суштества. Се разбира, ние многу жалиме, и денеска сме тука, затоа што секој човечки живот секој кој бил пратен да изгори во логорите не треба да се заборави, истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов на одбележувањето во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години.

– Денеска сме тука за да искажеме почит и тага кон убиените, но и да извлечеме заклучоци и да сфатиме дека на Балканот треба да градиме, да работиме заедно, да одиме кон подобро уредување и народите да ни живеат среќно, а сето тоа да остане во историјата, рече Борисов.

Потсети дека само пред 20 години на Балканот се одиграа не помалку сурови и крвави настани. Порача дека жртвите не треба да се заборават, а политичарите не смеат да дозволат да се направат повторно такви грешки.

– Ако, не дај Боже, повторно дозволиме слични настани, тогаш сме глупави. И ние, сегашните плитичари, имаме одговорност. Не сме ги заборавиле, слава им, и затоа дојдовме заедно со македонскиот народ да жалиме за тие што не успеале да се извлечат живи од нацистичката машина, рече Борисов.

Посочи дека во една од најголемите синагоги во Европа во Софија, било одржано одбележување со претставници од еврејската заедница и други гости, при што, како што наведе, „била искажана длабока почит кон бугарскиот народ, црква, интелектуалци и општественици кои во тие можеби најсурови времиња успеале да спасат 48.000 Евреи, и затоа бугарскиот народ заслужува голема почит“.

Борисов претходно учествуваше и Маршот на живите, во спомен на депортираните македонски Евреи пред 75 години.

Маршот почна пред Музејот на Скопје, а заврши пред Тутунскиот комбинат (поранешен Монопол) од каде што во март 1943 година 7.144 македонски Евреи во три депортации со вагони беа однесени во логорот на смртта Треблинка.

Во поворката учествуваат и делегација од Владата предводена од премиерот Зоран Заев и заедно со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, кој денеска е во официјална посета на Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БорисовБугаријагрешкиевреижртвихолокауст
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result