Граѓанскиот активист, Фисник Саити од Куманово беше учесник на работилницата „Граѓанска повелба-Што има тука за мене?“ во органзација на ЦИВИЛ за меѓусекторска соработка и партнерство.
По работилницата Саити изјави дека Граѓанската повелба може да им помогне на сите граѓани за подобрување на општественото делување во Куманово.
„Тоа можеме да го постигнеме со меѓусебна соработка на сите сектори во сектори во градот“, рече Саити.
Оваа работилница е подготовка за конференцијата посветена на Граѓанската повелба, предвидена за 28 март.
„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.
Проектот „Граѓанска повелба-Што има тука за мене“ е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов