• Latest

Уценета демократија

March 19, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Уценета демократија

March 19, 2018 11:09
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Уцената како средство за остварување на одредена цел во секојдневниот живот, а особено во политиката е под секое човечко достоинство. Но, тој факт на многумина воопшто не им пречи да ја користат уцената како средство особено ако ја имаат таа можност. Често ја користат политичките партии во безмилосната битка за власт, а и државите не се имуни од нејзините прагматични делувања.

Пишува: Перо Наумовски

Македонија е типичен пример на уценета држава од нејзиниот јужен сосед.

Токму ваквата нејзина улога на непринципиелно уценета жртва е доволен мотив во својата внатрешна политика безмилосно да се бори против сите облици на уцена. Но, сепак, не е така во реалниот живот. Сите кои ја имаат таа можност без размислување и без ронка грижа на совест максимално ја користат.

Еве на пример ДУИ (читај лидерот Али Ахмети) смени партнер, се ослободи од уцените на фамилијата и сега воопшто не му пречи да стане уценувач. За ВМРО-ДПМНЕ, пак, уценувањето е во суштина на нивното политичко делување. Тие во текот на последниве 11 години имаа и свој овластен државен уценувач во ликот и делото на братучедот кој за успешно извршување на задачата потроши милиони евра народни пари кои му овозможија да ја уценува секоја закана по нивното владеење.

Видовме дека покрај политичките неистомисленици со еден трошок се уценувала и бизнис заедницата и така на незаконит начин ги превземале најпрофитабилните фирми во државата. Така паралелно со степенот на уцените се зголемуваше и степенот на успешните бизниси на фамилијата. Како инаку може да се објасни молкот на еден Љубе Бошковски после излегувањето од затвор или на Велија Рамковски или како да се оправда потребата од верноста до смрт на еден лидер на политичка партија.

Дека и сега не се откажуваат од овој метод, доказ се тврдењата на некои аналитичари дека иако се во опозиција продолжуваат со создавање тајна мрежа на база податоци што, во догледно време, при првата можност доколку се укаже, веднаш ќе можат да почнат да ги користат како уцени во политичката битка за враќање на власт.

Демократските сили мора да се борат против ова големо општествено зло. Тоа многу е полесно да се констатира отколку да се спроведе во реалниот живот. Сепак, демократската јавност мора овој канцер за демократијата секогаш кога ќе се појави во јавноста енергично да го разобличи, најостро да го осуди и ако е неопходно некогаш, без оглед на последиците, да го отфрли.

Демократијата мора да биде посилна од која било уцена.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али Ахметидемократијауцена
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result