• Latest

Димитриевски: Самите да се избориме за своите граѓански права

March 29, 2018
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Димитриевски: Самите да се избориме за своите граѓански права

March 29, 2018 13:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Нема да зборувам од аспект на политичар, туку од аспект на граѓанин. Сум бил во позиција да ми бидат кршени граѓанските права во голем број на случаи, особено изминатите 12-13 години наназад во Република Македонија. Денеска сум во позиција, евентуално и да прекршам некое граѓанско право. Верувајте ми кога ќе се направи анализа границата е многу мала меѓу овие две нешта. Тоа првенствено се базира на менталниот склоп што како индивидуа секој од нас го носи“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на конференцијата на ЦИВИЛ, „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“.

Градоначалникот на Куманово ја поддржа Граѓанската повелба во делот на целосно исполнување на граѓанските права сметајќи дека локалната власт е многу битна во реализирање токму на овој сегмент, односно давање власт на граѓаните.

Димитриевски, исто така, истакна дека за да се борите за граѓанските права треба да бидете и сами мотивирани да ги побарате.

„Ми се случува како градоначалник да дојде граѓанин и да рече јас го барам тоа и тоа право, но вие побарајте го во мое име. Јас не сакам да се декларирам, нашето општество сѐ уште е заразено и не се чувствувам дека можам да си ги остварам своите права. Тоа е погрешен пристап. Апелирам до сите вас што доаѓаат од владиниот, но првенствено од невладиниот сектор, да ги мотивираме сите граѓани да ги бараат првично сопствените права, бидејќи не може да се бори за нашите права никој друг во наше име доколку иницијативата не тргне од нас“, истакна Димитриевски.

Тој истакна дека, за жал, маргинализираните групи во Македонија, сѐ уште не можат да си ги остварат основните граѓански права, а лицата со попреченост се оставени на маргините на општеството.

„Оваа Граѓанска повелба ќе даде голем придонес за развој на нашето општество, бидејќи ние како држава сме уникатни во многу делови, особено во делот на взаемното разбирање. За жал, искуствата покажуваат дека овие простори многупати биле искористени од поединци кои општите права ги преземале на себе и ја преземале улогата да одлучуваат во име на сите нас, притоа кршејќи ги основните права“, рече Димитриевски.

На крајот од говорот истакна дека локалната самоуправа е тука не само за морална поддршка на невладиниот сектор, туку и за почетна материјална поддршка во спроведување на нивните проекти во интерес и заштита на граѓанските права.

Максим Димитриевски е првиот градоначалник во Македонија, но и многу пошироко, кој го стави својот потпис на меѓународната петиција за поддршка на Граѓанската повелба.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Tags: Граѓанска повелбаконференцијаМаксим ДимитриевскиЦивил
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ