• Latest

Институт за медицина на труд: Здравје за сите работници!

April 2, 2018
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Институт за медицина на труд: Здравје за сите работници!

April 2, 2018 15:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Институтот за медицина на труд на РМ – Колаборативен центар на СЗО, во соработка со Светската здравствена организација, Канцеларија во РМ, денеска се одржа состанок по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, со порака „Здравје за сите! Здравје за сите работници“.

Темата на Светската здравствена организација оваа година е „Универзална покриеност со здравствените услуги – секој и  секаде“.

Проф. д-р Јованка Караџинска-Бислимовска, раководител на Колаборативниот центар на СЗО – Институт за медицина на трудот, вели дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа, трудова медицина треба да спроведе превентивни медицински прегледи на сите работници, и тоа работникот не го плаќа туку е обврска на работодавачот.

– Над 900.000 лица кои се работоспособни во земјава, над 200.000 не се вработени. Институт за медицина со своите тимови спроведува превентивни медицински прегледи во рамки на програмски активности, на земјоделците, кои во најголем дел немаат работодавачи, и на невработени лица кои исто така немаат работодавци, а прегледите се однесуваат на влијанијата на работа, и способноста на луѓето да ја извршат работата без да им се оштети здравјето, рече таа.

Истакна дека во текот на годината се спроведуваат прегледи на земјоделците, се прават мобилни екипи по селата, над 8.000 земјоделци се опфатени со овие прегледи, исто така и невработените.

– Оваа година во соработка со Агенција за вработување, со МТСП, ја завршивме кампањата „Здравје за сите невработени“, и екипите на Институтот беа во Агенцијата за вработување каде што ги реализираа овие активности, додаде Бислимовска.

Посочи дека определба на Институтот е зголемување на услугите на сите работници и поддржување на законските определби, со цел да се заштити здравјето на секој работник, и со тоа да се одговори на потребите на СЗО.

Д-р Сашо Столески, научен соработник при Институтот за медицина на трудот на РМ, вели дека оваа година мотото на СЗО е универзална покриеност, и поради тоа целна група на Институтот е активното население, односно работоспособната популација.

– Оваа превентивна програма неколку години се спроведува на Институтот, со неа се опфатени невработените лица, како и работниците кои се изложени на ризици, на работа на отворено, а тоа се земјоделците, реле Столески.

Со овие превентивни прегледи, додаде тој, се добиваат одлични податоци во врска со нивната здравствена состојба, кои се најчестите проблеми, симптоми и заболувања и насоки кон подобрување на нивната здравствена состојба.

Столески истакна дека превентивни прегледи за невработените ќе се извршат и наесен во АВРМ, чија е цел е и да добијат лекарско уверение, како конечен исход на тој преглед.

[divide]

извор: МИА

Tags: 7 АприлДен на здравјетоЗдравје за ситемедицинаработници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ