• Latest

Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам

April 2, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меѓународен ден за поддршка на лицата со аутизам

April 2, 2018 16:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, 2 април има за цел да стави акцент на пречките со кои се соочуваат секојдневно луѓето со аутизам и другите кои живеат со лица со аутизам, а исто така се прославуваат уникатните вредности на оние со аутизам.

Аутизмот претставува нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намелена способност на социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување..

Генералното собрание на Обединетите нации, во ноември 2017 година, ја усвои резолуцијата со која се осврнуваат на посебните предизвици со кои се соочуваат жените и девојките со посебни потреби во контекст на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

„На овој светски ден за свесност за аутизмот, сите да учествуваме во менување на ставовите кон лицата со аутизам и во признавањето на нивните права како граѓани кои, како и сите други, имаат право да ги бараат тие права и да донесуваат одлуки за нивниот живот во согласност со своја волја и желби“– Антонио Гутерес, Генерален секретар на ОН.

Оваа година, Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, ќе се фокусира на важноста на зајакнувањето на жените и девојките со аутизам и нивно вклучување во организации, во политиката и во донесувањето на одлуки за решавање на овие проблеми.

Во Македонија се уште нема регистар за луѓето со аутизам, но според светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден со аутизам, тоа значи дека кај нас има околу 12000 и оваа голема бројка не смее да се занемари.

Кампањата која се одвива во Македонија, од страна на организациите кои се занимаваат со овој проблем, има за цел да ја подигне свеста за потребите на луѓето со аутизам за секојдневна вклученост и претставување на прифатливи начини на комуникација.

За реализирањето на оваа кампања беше потребно волонтерско вклучување на повеќе млади луѓе, и идејата беше да се подготви видео спот со оргинална музика во кој ќе бидат покажани елементите на вклученоста меѓу младите.

Спотот произлезе од неколку „герила“ настани на различни локации во Скопје, како претстава на улица, графит, планина, делење налепници, лепење постери, креирање на голем банер и ретвитни оброк. На сите настани учествуваат и деца со аутизам.

Колективот „Ветерница“ подготви работилница за печатење маички и Школо за жонглирање, во паркот на Франкофонијата во саботата на 31 март, а млади графити уметници го исцртаа логото на кампањата на кејот на Вардар, спроти скејт паркот.

Исто така, деца на ролерки и скејтови делеа налепници низ парк и плоштад на случајни минувачи, а беа залепени и постери со логото.

Ретвитни оброк, неформална група граѓани, подготвуваа оброци за луѓе во потреба заедно со аутистично дете, во петокот на 30 март, а истата храна се подели во саботата.

А. Петровска

Tags: акцијааутизамМакедонијаМеѓународен денодбележување
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ