• Latest

Комеморативна седница во Охрид по повод смртта на академик Цветан Грозданов

April 2, 2018

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Комеморативна седница во Охрид по повод смртта на академик Цветан Грозданов

April 2, 2018 16:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Охрид денеска со комеморативна седница се збогуваше со својот сограѓанин, академик Цветан Грозданов, човекот што целиот свој живот го посвети на својот роден град промовирајќи го низ светот.

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски пред присутните на комеморацијата истакна дека Грозданов е меѓу великаните кои влегуваат во колективната меморија поради вечноста на нивните дела. За Цветан Грозданов тој рече дека е човекот кој животот му го посветил на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности.

– Животот, творечката енергија, научниот предизвик и филигранската интуиција, ги подари на потрагата по вредностите на уметноста задскриени во црквите и манастирите и  археолошките наоѓалишта… Како признат општественик и амбасадор на македонската научна и културна мисла во светот, со својата научно фундирана посветеност кон историјата на уметноста, зад себе остави извонредно богат творечки опус, но и многу негови современици кои продолжуваат да го доодуваат патот по кој чекореше, рече меѓудругото Стојаноски.

Археологот Паско Кузман забележа дека академик Грозданов замина од нашето и неговото минато, од нашата и неговата сегашност, за да отиде во иднината и во еден од паралелните светови на трите профили од времето.

– Во тој паралелен свет се живее sub specie aeternitatis (во светлините на вечноста), што значи овој наш човек отиде таму не по дефиницијата за подарена, туку со одработена и заслужена привелегија, одразена со беспрекорна научна интерпретација за средновековните културни, уметнички и духовни вредности на Охрид, Македонија и балканските простори, значајни не само за овие регионални пространства, туку и за европските и светските културно-историски, духовни и уметнички текови, рече Кузман.

Академикот Цветан Грозданов е роден на 5 март 1936 година, а почина на 30 март 2018 години. Неговите посмртни останки беа погребани вчера на градските гробишта во Охрид.


извор: МИА

Tags: академикзбогувањекомеморацијаЦветан Грозданов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ